Тавите и тенџерињата се универзални садови за готвење, што ги прави најупотребувани во домаќинството. Затоа, не е никакво изненадување што тие многу брзо добиваат непријатен загорен изглед.

Токму за таа цел, денес ви откриваме 3 лесни начини како да ги исчистите вашите највалкани и загорени садови за готвење:

1. Употребете компир

Излушете компир со средна големина, исечете го на половини и едната половина потопете ја во сода бикарбона.

Вака потопената половина употребете ја како сунѓер за да го исчистите дното на тавата или тенџерето. Триењето треба да биде малку посилно и резултатите ќе бидат веднаш забележливи.

Неопходно е од време на време, да го обновувате компирот.

2. Користете ќесичка чај да ги отстраните маснотиите

Земете сува, неупотребена ќесичка чај и едноставно поминете преку внатрешноста на садот, поконкретно онаму каде што има масни наслаги и дамки. Веднаш ќе забележите како маснотиите се разложуваат. За оваа цел купете го најевтиниот чај, а доволна ќе биде употребата на 2-3 ќесички.

3. Сода бикарбона

Земете поголем сад од оној кој треба да го исчистите и внатре во истиот додадете 4-5 супени лажици сода бикарбона и вода, а потоа во растворот потопете го садот кој треба да го исчистите и оставете го да отстои 30-50 минути. Следно, едноставно со сунѓер, отстранете ги маснотиите.