И покрај бројните купечки производи, повеќето луѓето ги претпочитаат домашните изработки, бидејќи секогаш зрачат со неверојатна креативност и голема оригиналност.

Покрај тоа, воодушевувачки се идеите, благодарение на кои, на едноставен начин, им даваме втор живот на скршените и стари работи во домот.

Кога станува збор за нашите омилени чаши, навистина е непријатно кога истите ќе се скршат, но без да брзате со нивното фрлање, еве како повторно да ги употребите на оргинален начин, за чудесна декорација на вашиот дом.

За да направите прекрасна и удобна шолја за моливи, за четки за заби или пак да изработите свеќник, ќе ви бидат потребни следните материјали: Ножици, лепило, коноп, чипка и панделки, вештачки бои и мониста.

Но, уште на самиот почеток треба да ја измазните површината на шолјата. Откако тоа ќе го направите, употребете клешта, за да ги отстраните останатите делови. Внимавајте да не се повредите.

Следно, употребете брусна хартија за да ги изедначите и отстраните сите неправилности на месотот на дршката.

Доколку не ви се допаѓа шарата на шолјата, прекријте ја со бела или била каква пастелна нијанса.

Кога бојата ќе се исуши, започнете да ги прицврствувате украсните детали со лепило на површината на шолјата.

Доколку шолјата подоцна ќе биде наменета за моливи, може да ја украсите со коноп и вештачки бои. Најпрво се нанесува лепило во круг и околу него, веднаш се намотува и конопот. Залепете ги краевите на обоените делови, со што ќе ги сокриете горните делови од конопот.

Доколку шолјата сакате да ја употребите како држач за четки за заби, тогаш украсете ја истата со чипка и потоа надополнете со половини од украсните мониста. Дополнително кон лепилото, декорацијата може да ја прицврстите и со лак.

За шолјата да ја претворите во свеќник, декорирајте ја истата со мониста и украсни детали, како пеперутки. За да внатре ја прицврстите свеќата, ви препорачуваме да нанесете прво малку растопен восок од истата, а потоа врз истиот веднаш поставете ја и самата свеќа.

Воедно, овие идеи се дадени како предлози, но тоа не значи дека треба да се органичите само на истите.

Истовремено, со овие домашни декорации, кои се изработуваат лесно и брзо, притоа кои нема да ве чинат богатство, вашиот дом ќе стане уште попрекрасен.