Иако на прв поглед ќе речете обични печени парчиња леб, сепак ова вкусно задоволство е многу повеќе од тоа- хармонична комбинација на ароматичен мек леб со кашкавал кој се топи во уста!

Се прави толку брзо, што уште денес може да ги приготвите дома, а со сигурност ќе го израдувате вашето семејство.

Богати лепчиња со кашкавал

Потребни состојки

  • 3 јајца
  • 150 мл пресно млеко
  • 200 гр кашкавал
  • Леб
  • Сол, мелен црн пипер и зачини по ваш вкус
  • Масло за готвење
  • Кечап за декорација по ваш вкус

Начин на подготовка

Во еден сад измешајте ги јајцата со солта и мелениот црн пипер. Во добиената смеса од јајцата, додадете го и млекото, како и преостанатите зачини и добро измешајте ги состојките.

Исечете го лебот на парчиња. Премачкајте го садот со масло за готвење. Секое парче леб потопете го во смесата од јајцата и млекото и посавете го во садот.

Изрендајте го кашкавалот и додадете го подеднакво врз секое парче леб.

Поставете ги вака приготвените парчиња леб да се печат во претходно загреана рерна на 220°C. Печете 10-15 минути, а потоа сервирајте ги лепчињата додека сè уште се топли.

Пријатен апетит!