Брашното е една од најупотребуваните состојки, која може да се најде во сечија кујна, а најчесто го користиме за приготвување на разни слатки, десерти, пецива, палачинки и слично.

Но, денес ќе зборуваме за ползите на брашното надвор од кујната. Еве за кои 3 секојдневни проблеми може да ја искористите оваа состојка како ефикасно решение:

1. Отров за мравки

Според експертите, многу инсекти, вклучувајќи ги и мравките не го сакаат вкусот на брашното и неговата текстура. Токму поради оваа причина, се препорачува да го користите брашното како средство за превенција- едноставно нанесете го на потребните места каде најчесто излегуваат мравките.

2. Проблематична кожа

Проблемите со кожата најчесто се појавуваат поради несоодветна грижа за истата, но и други фактори кои може да ја предизвикаат појавата на акни и дамки по лицето.

Во овој случај, нешто сосема вообичаено како што е брашното ќе ви помогне да се ослободите од овие непријатности. За таа цел потребно е да измешате мало количество на брашно со мед и добиената смеса да ја нанесете на вашето лице, притоа да ја оставите да дејствува додека да се исуши.

На крај, измијте ја смесата со топла вода. Повторувајте го третманот секојдневно до добивање на посакуваните резултати.

3. Полирање на метал

Со текот на времето, одредени видови на метални предмети го губат нивниот оригинален сјај. За да го елиминирате потемнувањето, можете со триење да нанесете брашно на металната површина.

Но, за да го вратите блескавиот изглед на бакарните површини, потребно е да употребите сварена каша од брашно, сол и оцет (во еднаков сооднос).

Добиената паста се нанесува врз површината и се остава да дејствува одредено време. На крај исплакнете со топла вода и избришајте.