Темните пазуви ретко може да бидат сериозна здравствена причина за загрижување, а  честопати се предизвикани поради состојбата на кожата позната како акантоза нигриканци (АН) која ја задебелува и затемнува кожата.

Потемнетата кожа под пазувите неретко може да предизвика чувство на непријатност и луѓето да чувствуваат срам кога би сакале да носат маица или да уживаат еден ден на Сонце покрај плажа, во костим за капење.

Денес ви откриваме 3 неверојатно ефикасни третмани со чија помош многу лесно може да ја осветлите кожата под пазувите, а притоа тремани за кои ќе ви бидат потребни состојки кои веќе ги имате во вашата кујна:

1. Јаболков оцет + сода бикарбона

Што ви e потребно:

  • 2 лажици јаболков оцет
  • 2 лажици сода бикарбона

Што треба да направите: Измешајте го јаболковиот оцет со сода бикарбона. Кога ќе се појават потребните меурчиња, нанесете го растворот на потемнетата површина и оставете ја смесата да се исуши. Оставете да остане уште неколку минути, а потоа исплакнете со ладна вода

Колку често: Секој втор ден (3 пати неделно)

2. Кафеав шеќер + маслиново масло

Што ви e потребно:

  • 3 лажици кафеав шеќер
  • 2 лажици девственото маслиново масло

Што треба да направите: Добро измешајте ги состојките. Добиената смеса нанесете ја под пазувите и со кружни движења нанесете го пилингот на целата површина. По 5 минути исчистете ја кожата користејќи млака вода и користете мека крпа за да ги исушите пазувите.

Колку често: Двапати неделно

3. Компир

Што ви e потребно:

  • Еден мал компир

Што треба да направите: Излупете го и изрендајте го компирот. Исцедете го компирот за да го извадите сокот од истиот. Нанесете го тој сок под вашите пазуви. Оставете го 15 минути и потоа исплакнете со употреба на ладна вода.

Колку често: Двапати на ден: еднаш наутро и еднаш пред спиење ноќе