Спротивно на популарното мислење дека бананите треба да се избегнуваат, доколку сакате да ги намалите килограмите, всушност еве зошто тие се едни од најдобрите состојки за диеталните напитоци.

Благодарение на калиумот кој влегува во нивниот богат состав, бананите може ефикасно да го отстранат вишокот на вода и влакна од организамот, кои го забавуваат метаболизамот, што го прави ова кралско овошје совршен избор за елминирање на несаканите килограми.

Во продолжение откријте ги едноставните рецепти за 3 чудесни напитоци со кои брзо ќе се ослободите од наслагите околу стомакот и половината.

1. Банана со ленено семе

Потребни состојки

  • 1 портокал
  • 1 банана
  • 2 супени лажици урда
  • 2 супени лажици ленено семе

2. Банана со шумско овошје

Потребни состојки

  • 1 банана
  • 1 шолја боровинки, малини или од двете по малку
  • 1 лажица мед
  • 1 супена лажица рендан ѓумбир
  • Половина чаша ладна вода

3. Банана и спанаќ

Потребни состојки

  • 1 банана
  • 200 гр свеж спанаќ
  • Половина шолја кисело млеко
  • 3 шолји сомелена зрнеста храна по ваш избор
  • 1 лажица мед

Универзален начин на подготовка

Подготовката за сите овие 3 напитоци е иста, неопходно е само состојките да ги додадете во блендер и добро да ги измешате. Овие здрави и пред сè, диетални напитоци, консумирајте ги наутро како појадок, кога телото најдобро ќе ги апсорбира и период во кој најдобро ќе бидат согорени вишокот масни наслаги.