Многу жени ширум светот постојано се соочуваат со проблемот на вишок килограми. Тоа им влијае не само физички, туку и психички, при што не е изненадувачки дека повеќето се со тоа преокупирани.

За да се стави крај на овој проблем и да ви се врати самодовербата, односно конечно да ја остварите вашата цел и да се ослободите од вишокот килограми, за таа цел, за денес ви откриваме три ефикасни методи, кои ќе ви помогнат брзо да го вратите вашето тело во форма.

За ефикасно слабеење, не е потребно да се откажете целосно од вашата омилена храна или пак 24/7 од времето да го поминете во теретана. Едноставно консумирајте поздрава храна и кон истата додадете сода бикарбона.

Природни напитоци со сода бикарбона за слабеење

1. Сода со сок од лимон

Во 300 мл вода додадете половина кафена лажица сода бикарбна и мешајте до нејзино целосно растворање. Во водата додадете сок од половина лимон и добро измешајте ги состојките.

Овој природен напиток не само што ќе ви помогне да се ослободите од прекумерената тежина, туку истовремено и ќе ве освежи и ќе ви даде енергија за цел ден. Може да ја консумирате по оборците и по вежбањето.

2. Сода со јаболков оцет

Измешајте половина кафена лажица сода бикарбона со 2 супени лажици јаболков оцет. Кон смесата додадете чаша вода и измешајте. Потребно е овој напиток да се консумира на празен стомак, пред појадокот.

3. Сода со овошје

Во блендер додадете 1 килограм јагоди, малку свежа мента, сок од 2 исцедени лимони, 2 литри вода и половина кафена лажица сода бикарбона. Измешајте ги сите состојки, до добивање една соединета смеса. Добиената смеса потребно е да се консумира 2 пати дневно.

Не заборавајте дека по постигнувањето на посакуваните резултати, не треба да ги прекинете вашите здрави навики во исхраната.