23-годишната Бриони Гортон, од Бернли, Англија исто така е и на добар пат да го заработи својот прв милион оваа година, а сега оваа поранешна шопинг-асистентка открива како тоа го направила.

Кога Бриони била на 21-годишна возраст работела во продавницата за накит, Пандора и тогаш било кога решила да ја започне сопствената модна авантура.

Работев со скратено работно време во Пандора и истовремено студирав на Универзитетот за моден дизајн. Седев на предавањата и размислував како овде само не подучуваат како да работиме за некој друг, а јас тоа не го сакав. Тогаш сфатив дека сакам да сум самата на себе шеф!– изјавила Бриони.

Бриони студирала за моден дизајн, купување и малопродажба и била токму на едно предавање, кога дошла до својата бизнис идеја.

Решив да создадам свој мал бренд за костими за капење, притоа сама да ги дизајнирам парчињата. Веднаш потоа извадив 116 евра од својата сметка и отидов во локалната продавница на шопинг.додала 23-годишната студентка.

Откако инвестирала во потребни материјали, Бриони своите идеи и дизајни за бикини ги претворила во реални и вистински производи, а веднаш потоа ги лансирала и онлајн на продажба, да се продаваат под брендот кој го нарекла Талија Роуз.

Моделите ги претставила и на Инстаграм профилот, кога имала 4.000 следбеници и добила извонредни реакции од истите и не поминало многу време откако започнале костимите за капење да се продаваат.

Никогаш нема да ја заборавам својата прва продажба. Не ми се веруваше дека на луѓето им се допаѓаат моите идеи.

Но, не се така одело како подмачкано. Набрзо кинески компании почнале да ја копираат и таа не знаела како да го заштити својот бренд, притоа и сликите и биле отстранети од социјалната мрежа.

Па, затоа по 6 месеци го воспоставила својот официјален сајт talliahroseuk.com и инвестицијата од 116 евра набрзо прераснала во неверојатни 116.000 евра

Уште на самиот почеток, рекордниот број на порачки изнесувал 20.000 и веќе успехот се родил, при што и самата Бриони планира да го прошири својот бизнис и да заработи уште повеќе.