Како што се зголеми популарноста на диетата при која се консумира храната непреработена, се прашуваме дали секој вид на храна може да се јаде на овој начин.

Но, научно е докажано дека сепак одговорот на тоа прашање е негативен, односно консумирањето на одредени видови храна во неприготвена варијанта е дури и опасно за здравјето на луѓето.

Во продолжение следува листа составена од која храна не смееме да ја консумираме непреработена и неприготвена:

1. Млеко

Свежото млеко се смета за најдоброто за пиење, но под „свежо“ не се мисли директно од животните кои ни даваат млеко. Непреработеното, непастеризираното млеко во себе содржи штетни бактерии и други видови паразити кои можат да предизвикаат болести, па дури и смрт кај човекот.

2. Кељ

Кељот е една од најздравите видови храна на светот, но доколку човекот го консумира во неприготвена форма, тоа може да резултира со хормонски дисбаланс и флуктуација на шеќерот во крвта и тежината, па дури и здебелување на тироидната жлезда.

3. Јајца

Иако во азиската култура популарно е да се консумираат јајцата неприготвени и долго време се сметаа за поздрава варијана од приготвените, сега истражувањата го докажаа спротивното. Внесот на протеини е повисок кај приготвените јајца, а консумирањето на неприготвени резултираше кај повеќе луѓе со појава на салмонела.

4. Бадеми

Бадемите се здрава ужинка која со себе носи бројни хранливи вредности т.е протеини, хранливи влакна и масти. Но, малку луѓе знаат дека бадемите во нив содржат и цијанид. Така, консумирањето на 4-5 непреработени бадеми можат да предизвикаат вртоглавица и грчеви во стомакот. Затоа во одредени делови во светот, консумирањето на непреработени бадеми е забрането.

5. Боздел

Бозделот е моќен антиоксидант со бројни лековити придобивки, но неговото консумирање во неприготвена верзија може да предизвика вртоглавица, повраќање, поради токсичните материи во неговиот состав. Истите тие лесно се отстрануваат, кога растението ќе се приготви.

6. Брашно

Консумирањето на брашно во неприготвена форма, може да резултира со појава на ешерихија коли во организамот.

7. Прокељ

Тие се богати со хранливи вредности и антиоксидантни својства, но нивното консумирање кога се неприготвени, поради токсините, може да се наруши функцијата на тироидната жлезда.

8. Индиски ореви

Непреработените идниски ореви содржат уршиол, токсична материја која се наоѓа во некои отровни растенија. Само со допир, може да се појави реакција на кожата кај луѓето.

9. Туна

Непреработената туна може да резултира со штетни и опасни влијанија врз кардиоваскуларниот и нервен систем кај човекот.

10. Грав

Станува збор за гравот од видот лима кој расте на Мадагаскар, а кој во себе содржи лимарин, кој притоа ослбодува цијанид, кој е опасен за нашиот организам.

11. Компир

Консумирањето на неприготвени компири може да ја наруши функцијата на дигестивниот систем и притоа да предизвика вртоглавица, иритација на кожата и зголемена чувствителност.

12. Пилешко месо

Неприготвеното место секако е штетно за организамот, при што со составот полн со бактерии, може да предизвика салмонела, дијареја, висока температура, грчеви итн.

13. Печурки

Непреработените печурки содржат агаритин, кој има канцерогено својство.

14. Црвен грав

Неприготвени можат да предизвикаат вртоглавица, дијареја и повраќање.

15. Маслинки

Нивното консумирање кога се непреработени може да предизвика болест или дури и смрт кај човекот.

16. Мед

Непреработениот мед може да ја содржи бактеријата клостридиум ботолинум, која е особено опасна за бебиња, децата до 1 година и бремените жени. Консумирањето може да биде проследено со повраќање, дијареја и вртоглавица.