Една од учесничките во натпреварите за убавина за убавина призна дека ги покрила забите со вазелин за полесно да се насмее. Тоа ве прави да се чувствувате непријатно со  затворена уста и вазелин внатре, па затоа продолжувате да се смеете. А ниту филмските ѕвезди на 20-от век не беа помалку креативни од ова, сè во името на убавината!

Во продолжени вие откриваме 20-те нивни најпознати трикови за убавина, кои дефинитивно се навистина шокантни и се подразбира, не се препорачуваат да ги практикуваме во денешно време:

Твиги ставаше 3 пара лажни трепки на нејзините очи

Твиги откри дека нејзините препознатливи, долги трепки од 60-тите години биле инспирирани од нејзината кукла од детството. Кога започнала да се занимава со моделирање, ќе го наместела алармот 90 минути пред да мора да замине затоа што толку време било потребно да се нашминка. Нанесувала 3 пара лажни трепки над нејзините природни и ќе притоа цртала дополнителни „трепки“ на кожата под нив. Исто така, ја шминкала устата за да изгледа поволуменозна.

Џоен Крафорд цело време џвакаше гуми за џвакање

Оваа популарна актерка од ’30 -тите изгради вистински култ околу нејзината убавина.

  • По секое миење ќе го испрскаше лицето 25 пати со ладна вода и потоа ќе нанесеше хидратантна крема.
  • Исто така, ќе истриеше лимони на лактите за да изгледаат млади и мазни.
  • Актерката џвакаше гума за џвакање затоа што веруваше дека ова ќе придонесе за обликување и зацврстување на вилицата и на овој начин ќе се елиминираат токсините од под брадата.

Брижит Бардо ја користеше плунката за да ги обликува локните

Брижит Бардо беше позната по полните усни, специфичниот туш на очите и нејзините облини. Но, исто така ја обожававме поради нејзината раскошна руса коса и начинот на кој таа ја обликуваше. Интересно е што таа ја користеше својата плунка додека ја виткаше косата. Нанесуваше плунка на подолгите локни, а потоа ги вртеше и  ги повлекуваше цврсто зад увото каде што ќе ги оставише да се исушат, за да на крајот ги извлече напред, со што го создаваше нејзиниот препознатлив раскошен изглед.

Џеклин Кенеди имаше неколку трикови во ракавот

Џеклин Кенеди користеше неколку уникатни трикови во нејзината рутина за убавина:

  • Посетуваше часови по јога.
  • Секој Четврток, посветуваше внимание за нега на нејзините нокти и косата.
  • Секоја вечер ја четкаше косата 75 пати.
  • Никогаш не легнуваше со шминка (користеше средство за чистење – по можност од бреднот на Ерно Ласло)
  • Обожаваше да се сонча и да носи очила за сонце (затоа што ќе можеше да види што прават луѓето и истовремено да ги заштити нејзините очи).
  • Нејзин омилен парфем и темел беа Џој (од Диор) и Елизабет Арден.

Лусил Бол ги избричи веѓите

Во дваесеттите и триесеттите години на минатиот век, популарни беа веѓите тенки како игла. Многу жени ги отстранија или дури ги избричија своите. Холивудските актерки од 30-тите години на минатиот век цртаа поизразени, заоблени веѓи за да додадат на драмата на екранот. За време на снимањето на филмот „Римски скандали“ (1933), Луси ги избричи нејзините веѓи и тие всушност никогаш не пораснаа.

Рита Морено се бореше против дамките на лицето со помош на груба четка

Рита Морено кога беше мала имаше многу мрсна кожа со акни. Во тоа време, актерката требаше да користи ултравиолетова светлина за акни и да го чисти лицето со ацетон алкохол, користејќи газа и тоа го правеше секој ден. Беше премногу интензивен третман, но секојдневниот пилинг навистина помогна. На крајот, овој трик донесе позитивни резултати. Денес, Морено претпочита да нанесува минимална шминка, а истовремено редовно користи средство за чистење на кожата и навлажнувачки крем.

Меј Вест користеше бебешко масло

Меј Вест, контроверзната филмска ѕвезда и сценарист, користеше кокосово масло како навлажнувачки крем и тврдеше дека тоа е тајната зад нејзиниот младешки тен. Таа исто така обожаваше бебешко масло кое го користеше како хидратантна крема и откри дека тајната е да се нанесе топло на кожата.

Марлен Дитрих имаше своја верзија за затегнување на лицето

Во 40-тите години од минатиот век, пластичната хирургија беше индустрија во подем, па така Марлен Дитрих излезе со своја апсолутно безбедна алтернатива. Таа користеше хируршка лента за да ја повлече кожата на лицето, притоа сокривајќи ја истата под косата или периката. За да го одржи долниот дел од кожата на лицето затегнат, актерката користеше тенок златен ланец под брадата поврзан со ушите и така намалуваше неколку години од своето лице.

Дитрих, исто така, ќе посипеше вистинска златна прашина во нејзините перики за да создаде магичен ефект пред камерата.

Мерилин Монро го минимизираше миењето на косата

Оваа филмска ѕвезда имаше многу тајни благодарение на кои ја истакнуваше нејзината неверојатна убавина:

  • За да ја одржи нејзината препознатлива платинумска нијанса на коса што е можно подолго и да не ја уништува косата со пероксид, се вели дека Монро го минимизирала миењето на коса т.е го заменила со нанесување на бебешка пудра на корените.
  • Актерката отсекогаш сакаше подолги и пообемни трепки без помош од лоши козметички производи, односно претпочиташе да изгледа поприродно. Па така, нејзиниот личен шминкер Алан Снајдер ќе ги пресечеше лажните трепки на половина и ги нанесуваше само на надворешните агли од нејзините очи.
  • Монро користеше рана верзија на популарниот „Wonderbra“ (Чудесниот градник). Не само што имаше дополнителни ремени за подобро кревање на градите, туку имаше и дополнителен пар надворешни потполнки за да го зголеми обемот на градите.
  • Со цел градите да изгледаа убаво во фустан со ниско отворено деколте, Монро се држеше до „едноставната рутина за зацврстување на градите“. Секое утро, таа креваше тегови од 2,5 килограми над нејзината глават, 15 пати, а потоа го повторуваше вториот сет со рацете над главата и повторно под агол од 45 степени додека не се умори.
  • Патем, покрај популарното верување дека Монро носела само 5 капки од парфемот Шанел бр. 5 за спиење, таа исто така, ѕвездата спиела со градник, погрешно верувајќи дека тоа ќе спречи нејзините гради да попуштат. Сепак, неодамна се докажа дека е поздраво да се спие без градник.