Машината за алишта може да ни помогне многу повеќе од што мислиме! Прочитајте во продолжение кои 20 работи можеме слободно да ги ставаме во машината за перење, без веќе да се измачуваме со перењето на рака!

1. Спортска опрема

Спортската опрема и додатоци по нивното користење, се многу извалкани и притоа апсорбирале голема количина на пот. Но, многу луѓе едноставно заборваат на нивното чистење или пак, не знаат како. Најлесниот начин е да ги ставите во машината за перење и проблемот е решен!

Ставете ги во навлаки од перници и одберете умерен степен на перење.

2. Подлоги за вежбање јога и подлоги за во бања

И на гумените подлоги исто така потребно им е редовно чистење. Можете да ги ставите заедно на перење со крпи. Но, не заборавајте дека за нив не треба да се користи детергент и само може да се перат во ладна вода.

3. Плишани и пластични играчки

Постои голема количина на бактерии на површината од играчките на вашите деца, па затоа од голема важност е тие да бидат чисти. Ставете ги во торба или навлака од перница, додајте 2 пати помалку детергент од вообичаеното и одберете умерен степен на перење.

4. Кожни и еднократни торби

Се повеќе луѓе стануваат еколошки свесни, па наместо пластичните ќеси од маркетите, избираат еднократни торби за купување. На истиот принцип од претходно, со помалку детергент, на умерен степен, овие торби можете слободно да ги перете во машините за алишта. А истата постапка можете да ја примените и на вашите кожни чанти.

5. Завеси и сунѓери за во бања

Сунѓерите и завесите наменети за во бања исто така можат да се перат во машина за перење алишта. За подобри резултати, ставете ги на перење заедно со неколку крпи. Користете стандарден степен на перење.

6. Креветите и подводниците на нашите миленици

Пред да ги ставите во машината, со правосмукалка исчистете ги елементите. Потоа, ременчињата и подводниците ставете ги во навлака од перница, за подобра заштита.

7. Чизми од овча кожа и патики

Познатите „аг “ (анг. ugg) чизми што се носат и кај нас, можат да се перат во машина за алишта, притоа во ладна вода, на умерен степен. Истото важи за патиките. Пред да ги ставиме во машината, потребно е да да ја отстраниме покрупната нечистотија, како и врвките.

8. Додатоци за коса и капи

И модните додатоци од овој тип можеме да ги исчистиме, ставајќи ги во машината за алишта. Претходно потребно е да ги ставиме во заштитна торба или навлака и воедно, да переме на умерен степен.

9. Подлоги за глувчња и копчиња од тестатура

И компјутерските додатоци, како подлогите за глувчето и копчињата можат да бидат исперени во машина за алишта, но претходно треба да бидат ставени во специјална торба, за да не се оштетат при процесот на чистење.

10. Кујнски додатоци

Доколку нашите кујнски додатоци не се премногу зафатени со маснотија, можеме да ги ставиме во машината заедно со други алишта, или пак едноставно да ги переме одделно, во топла вода, заедно со неколку крпи.