За денес ви откриваме едноставен трик како да ги приготвите пилешко месо, кое ќе биде значително повкусно и покревко од она во рестораните, без да мора да вложите многу труд.

Трикот се состои во приготвување на пилешкото месо со маринадите кои, според светските готвачки, се прогласени за најдобри!

Рецепти за пилешко месо со маринада

1. Пилешко месо во кисело млеко и кари

Потребни состојки

  • 400 гр исечено пилешко месо
  • 5 кантичка кисело млеко
  • 2 кафени лажици кари
  • Половина кафена лажица сол

2. Класично пилешко месо за на скара

Потребни состојки

  • 400 гр исечено пилешко месо
  • 1 исечен црвен кромид
  • 1 исечена пиперка
  • 1 исечен морков
  • 200 гр брокула
  • Сос за месо по ваша желба

За да ги подготвите овие специјалитети, сè што е потребно да направите е да го поставите пилешкото месо во соодветна пластична ќеса и притоа истата наполнете ја со вашата омилена маринада и така складирајте го во ладилникот.

Во оваа форма, храната може да отстои во ладилникот до 2 дена, а во замрзнувачот и до неколку месеци. Можете на секоја ќеса да запишете кога сте ја складирале и така полесно да го следите временскиот рок.