За жал, не секоја жена има можности секојдневно да го посетува козметичкиот салон, но пак, секоја има можност да оддели 10 минути навечер за следните ефикасни домашни третмани.

Овие третмани значително ќе ја подобрат и подмладат вашата кожа и сето тоа благодарение на содата бикарбона, која се смета за универзална состојка, која ќе ја прочисти, соодветно навлажни, подмлади и потхрани вашата кожа. Еве како да ги приготвите чудесните маски:

1. Маска за длабоко прочистување на порите

Потребни состојки

  • 1 кафена лажица сода бикарбона
  • 3 сомелени таблети активен јаглен

Начин на подготовка и употреба

Измешајте ги содата и јагленот, а потоа додадете и вода за да добиете густа смеса. Со масирачки движења, нанесете ја добиената маска на вашето лице, со исклучок на очите и усните. Оставете ја маската да дејствува 5 минути, а потоа исплакнете со топла вода. На крај, нанесете соодветна навлажнувачка крема за лице.

2. Затегнувачка маска

Потребни состојки

  • 1 кафена лажица сода бикарбона
  • 1 белка
  • 1 кафена лажица мед

Начин на подготовка и употреба

Добро измешајте ги сите состојки заедно, а потоа нанесете дебел слој од добиената смеса на вашето лице и оставете ја маската да дејствува 15 минути. Исплакнете со топла вода и нанесете потхранувачка крема за лице.