Не постои жена која не посакува во секој момент да има блескава и совршена коса, а токму со следните домашни рецепти, овој сон лесно може да биде претворен во реалност.

1. Раствор од бреза

За да ја обновите вашата коса, притоа да ја направите блескава, растворот од бреза е идеалното решение за вас. Едноставно залејте 4 супени лажици лист од бреза со литар вода и оставете да отстои 30 минути под капак.

Оваа домшна инфузија може да ја употребите секој ден, а таа ќе го зајакне здравјето на вашата коса, истовремено правејќи ја помека и свилена.

2. Билен оцет

Билниот оцет кој многу лесно може да го приготвите дома, е исклучително корисен за вашата коса. Потребно е да сомелете листови од мента, коприва и камилица и истите да ги залеете со 2 шолји јаболков оцет. Добиената смеса оставете да ја отстои 10 дена на темно и ладно место.

При миењето на косата, додадете 4 супени лажици од растворот во 1 литар вода.