Вкусот и квалитетот на доматите зависи од соодносот на шеќери и киселини. Колку помалку киселини, а повеќе шеќери содржат, толку побогати ќе бидат нивниот вкус и структура.

Повеќето киселини кај овој зеленчук се сконцентрирани во сокот околу семињата, и затоа највкусни се оние домати со највисока густина и малку семки.

Еве кои се тајните за успешното и квалитетно одгледување на доматите во домашни услови:

Многу светлина – Засадете ги доматите онаму, каде што најмногу ќе примаат светлина и воедно на местото каде што ќе бидат заштитени од студените ветрови.

Правилно наводнување – Влажноста на почвата во која се засадени доматите треба да биде значително висока. За да имате најдобри резултати, не мора да ги наводнувате толку често, туку едноставно тоа да биде обилно. Претераното наводнуваење не се препорачува, бидејќи тоа ќе доведе до раѓање на премногу водени домати.

Топла вода – Избегнувајте го наводнувањето со ладна вода, особено кога температурата на воздухот е највисока. Практикувајте наводнување со млака вода, а во неа може да додадете и малку природна компост т.е темно органско ѓубриво.

Сол и пепел- за „слаткост“, искусните градинари препорачуваат растенијата со плодови, да се нахранат со малку сол и пепел (1 супена лажица сол и 1 кафена лажица пепел на 10 литри вода). Нанесете само ½ литар од растворот под секое растение. Истовремено за истата цел, може да користите и морска сол.

Целосно созревање- Доматите неопходно е да созреат додека сè уште се нескинати. Колку подолго време се на растението, толку побогати хранливи својства ќе имаат плодовите. Затоа потребно е да се почека нивното целосно созревање, пред да се скинат.