Доколку во една соба, во домот, сте запалиле цигара, вообичаено долго по нејзиното гасење се чувствува во воздух непријатниот мирис на чадот од истата. Покрај во воздухот, мирисот се пренесува на завесите и мебелот.

Наместо да употребувате купечки хемиски производи со пресилна арома, која може да им наштети на вашите дишни патишта, пробајте еден од следните 4 неверојатно лесни, но трикови со моќен ефект.

1. Кафе

Доколку имате навика да пушите цигари во затворен простор и во истата просторија подоцна да ја оставите пепељарата, тогаш во истата додадете малку мелено кафе. Ова ќе го спречи ширењето на непријатниот мирис на тутунот.

2. Зелен чај

Наместо во пепељара, изгаснете ја цигарата во мал сад со вода, во кој претходно имате потопено ќесичка зелен чај.