Јајцата се класичен и безвременски избор, а воедно и одличен избор за започнување на денот. Домаќините ширум светот имаат безброј омилени рецепти со нив.

Тортиља со компири во Шпанија, фритата со зеленчуци во Италија, омураису со ориз во Јапонија…Ние за денес ви претставуваме еден поуникатен рецепт, а станува збор за вкусна комбинација со печурки.

Фантастични јајца со печурки

Потребни состојки

  • 150 гр печурки
  • Половина кромид
  • 2 јајца
  • Половина кафена лажица сол
  • 2 прстофати мелен црн пипер

Начин на подготовка

Измијте ги печурките, излупете ги и исечете ги на парчиња. Истите испржете ги малку во растително масло. Потоа додадете го кромидот, исечен на тенки кругови, во тавата со печурките. Гответе до добивање на посакуваната кафеава боја, воедно додека течноста да испари.

Скршете ги јајцата во тавата, додадете сол, мелен црн пипер и добро измешајте ги сите состојки заедно. Пржете додека јајцата да бидат готови.

Ова е одличен и уникатен начин како следно да приготвите јајца за појадок, ручек или вечера, притоа рецепт кој нема да ви одземе многу труд и време.

Пријатен апетит!