Светот е полн со прекрасни луѓе и понекогаш можеме да го видиме тоа во најлошите животни ситуации. Една жена по име Џули Морган оставила срдечен коментар на пицерија во Бетл Крик, наречена Steve’s Pizza. Џули и нејзиниот сопруг јаделе таму 25 години.

За жал сопругот на Џули боледува од рак и е во домашна грижа. Еден член на семејството одлучил да се јави во пицеријата, да ја објасни ситуацијата на семејството и да ги праша дали можат да испратат пријателска порака или картичка, бидејќи местото многу им значело на Џили и нејзиниот сопруг Рич.

Но, менаџерот на пицеријата 18-годишниот Далтон Шафер одлучил да направи чекор плус и патувал со автомобил 3,5 часа за да му ја достави омилената пица на Рич.

Човекот и неговата сопруга биле пресреќни и не можат доволно да му се заблагодарат на хуманиот, млад, човек.