18 безвременски трикови, благодарение на кои секоја жена ќе изгледа совршено, во секоја ситуација, без разлика на возраста и личниот стил

Легендарната Коко Шанел еднаш рекла: „Модата поминува, но стилот е вечен“. Не толку тешко да се следат трендовите- сè што треба, е да погледнете една модна ревија.

Но, истовремено понекогаш е тешко да не се премине границата на личниот стил и она што е невкусно.

Но, добрите вести се тоа што постојат неколку модни тајни, кои ќе ви помогнат да останете гламурозни и елегантни, без разлика каков е вашиот стил или кој тренд сте се одлучиле да го следите.

Во продолжение споделуваме 18 безвременски и практични трикови, кои ќе ви бидат од голема помош, па дури и воопшто да не ја следите модата.

  • Доколку не сте сигурни дали некоја комбинација на бои одговара, тогаш употребете го тркалото на бои. Боите кои се сместени една наспроти друга, си одговараат совршено.
  • Не се плашете од еднобојниот изглед. Облеката во една боја ќе ве направи да изгледате повисоко, особено доколку искомбинирате различни тонови од една иста боја.

  • Доколу обожавате облека со хоризонтални линии, но се плашите да не ве направи да изгледате поголеми, едноставно додадете откопчана јакна врз истата.
  • Кога носите облека во неутрални тонови како бела, црна или крем боја, тогаш модните додатоци потребно е да бидат во некоја повпечатлива нијанса.

  • Утврдете го типот на фигура што го има вашето тело и пронајдете славна дама со истата фигура. Нив секогаш ги облекуваат стилисти, па така ќе се инспирирате и вие што да облечете.
  • Пред да облечете бела облека, застанете пред огледало на дневна светлина и обратете внимание дали материјалот е проѕирен. Така ќе знаете каков вид на долна облека да изберете и да избегнете непријатни ситуации.

  • Не ја облекувајте облеката веднаш откако сте ја испеглале. Почекајте неколку минути, за да се излади. Така нејзиниот беспрекорен испеглан изглед ќе трае подолго.
  • Комбинирањето на повеќе различни шари може да биде вистински ризик. За таа цел, потребно е да запаметите неколку правила за совршен изглед: Точките си одговараат со линиите, линиите си одговараат со цветовите, 2 вида на цветни шари може убаво да изгледаат заедно комбинирани.

  • Постојат 3 работи кои секогаш ќе ве направат да изгледате неверојатно: Црни очила, кожна чанта и кожни чевли.
  • Доколку ви е тешко да комбинирате повеќе бои, следете го златното правило: Комбинирајте ги парчињата, така што на вашата модна комбинација нема да й бидат потребни повеќе од 3 бои.

  • Погледнете внимателно во вашата гардероба. Најверојатно во повеќе пригоди, на ист или сличен начин сте ги комбинирале парчињата. Следен пат, обидете се да пробате да комбинирате на нов начин, парчиња кои никогаш не сте ги носеле заедно.
  • Не избирајте облека според вашата возраст, туку според вашата фигура. Секако не заборавајте дека некои работи што изгледаат совршено на 25-годишна, изгледаат чудно на 40-годишна жена.

  • Изберете да носите впечатливи ремени. Тие ќе й дадат посебен шарм на вашата модна комбинација.
  • Не се плашете да ги комбинирате вашите поскапи парчиња со поевтините парчиња. На пример, начинот на кој Кејт Мидлтон тоа го прави.

  • Доколку не знаете што да носите, изберете црни панталони, бела кошула и црвен кармин. Без разлика дали сте тргнале на работа, на кафе со пријателките или на романтичен состанок- Комбинацијата секогаш функционира!
  • Основата на секоја гардероба е бела кошула. Може да ја комбинирате на милиони начини. Воедно, имајте на ум дека снежно белата кошула може да направи вашите заби да изгледаат малку пожолти, па затоа додадете и црвен кармин, кој ќе ја осветли вашата насмевка.

  • Не мора да се брзате со складирање на летниот фустан до наредниото лето. Комбинирајте со елегантен џемпер или фармерско палто и уживајте во вашето омилено летно парче и во есенската сезона.
  • Доколку вашите хулахопки постојано ви одат на нерви, спуштајќи се надолу, обидете се врз истите да носите долна облека. Тоа ќе ве направи да се чувствувате поудобно и ќе заборавите на нивното спуштање.

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *