Болката во зглобовите може да настане како резултат на повреда при спортување, а неретко се поврзува и со артритисот.

Доколку страдате од болка во коските или зглобовите, тоа може да предизвика огромна непријатност и неудобност и да го наруши вашето нормално секојдневие.

Иако сè уште не е докажано дека ниту една исхрана ниту пак, диета, може природно да го излечи ваквиот вид на болка, сепак бројни истражувања покажаа дека одредени видови на храна и зачини им се од голема помош на пациентите и делуваат како вистински природни лекови.

Во продолжение открије кои видови на храна треба да ги консумирате, за да се ослободите од болката во зглобовите:

1. Овошја

  • Грозје: Содржи процијанидин, кој го намалува воспалението и ја ублажува болката во зглобот
  • Цитрусни овошја: Содржат високо количество на витамин Ц, кој го спречува артритисот
  • Цреши: Пиењето сок од цреши 3 пати неделно, ја намалува болката во зглобовите

2. Зеленчук

  • Спанаќ: Полн со антиоксиданти и содржи каемферол, кој го намалува воспалението и ја спречува појавата на остеоартритис
  • Брокула: Содржи сулфорен, кој ја ублажува болката во зглобовите и ги намалува симптомите на ревматичен артритис
  • Соја: Богати со протеини и хранливи влакна и омега-3 масни киселини кој ја намалуваат болката
  • Црвен грав: Содржи фолна киселина, железо и магнезиум кои го подобруваат имунитетот

3. Зачини

  • Шафран или куркума: Содржат кроцин кој има моќни антивоспалителни, антиоксидантни и антипролиферативни својства кои помагаат при артритис
  • Ѓумбир: Ја ублажува и значително намалува болката во зглобовите, за дури 70%
  • Лук: Моќни антивоспалителни својства кои го намалуваат ризикот од остеоартритис
  • Зелен чај: Содржи епигалокатехин-3-галат, кој ја спречува штетата од ревматичен артритис

4. Други видови на храна

  • Риба и рибино масло: Содржат високо количество на витамин Д кој ги спречува симптомите на артритис
  • Храна со цели зрна: Го содржат реактивниот протеин Ц, кој спречува бројни болести, меѓу кои и артритисот
  • Млечни производи со ниска масленост: Содржат калциум и витамин Д, кои ги зајакнуваат коските и го подобруваат имунитетот
  • Ореви, ф’стаци и бадеми: Содржат високи количества на калциум, магнезиум, витамин Е и протеин, кои го намалуваат остеоартритисот и болката од ревматичниот артритис