Џулија Робертс важи за една од најубавите актерки во Холивуд. Таа е неверојатно успешна во нејзината работа, но успехот не заостанува ниту во нејзиниот личен живот. Од 2002-та година, прекрасната актерка е омажена за Денис Модер, со кого ѕвездата има 3 деца, двајца сина и ќерката Хејзал.

Иако е тешко да се поверува, Џулија денес има 52 години и сега поретко снима филмови, бидејќи е повеќе посветена на семејството и други активности, а според експертите, токму нејзината 15-годишна ќерка би можела наскоро да го преземе местото на својата мајка во Холивуд.

Малата русокоса убавица едноставно воодушевува со нејзиниот ангелски изглед, но бидејќи Џулија отсекогаш била заштитнички настроена кон своите деца од јавноста и папрацо-фотографите, светот ретко имаше шанса да ја види прекрасната Хејзал.

Многумина нејзината убавина ја споредуваат со Скарлет Јохансон. Засега, младата девојка оди на училиште, каде е одличен ученик, а дали ќе се занимава со глума и ќе се обиде да работи во Холивуд преостанува сама да одлучи.