Дијабетесот е заболување од кое страдаат многу луѓе ширум светот, а е состојба при која нивото на шеќер во крвта се зголемило. Но, дијабетичарите не се единствените кои треба да се грижат за ова.

Неопходно е секој од нас да се грижи за нивото на шеќер во крвта, кое е од голема важност, бидејќи доколку истото подолго време е високо, може да дојде до појава на дијабетес и низа други заболувања.

Нездравата исхрана, стресот, одредени видови на лекарства, недостатокот на физичка активност и други здравствени проблеми се едни од најчестите фактори кои придонесуваат за зголемување на нивото на шеќер во крвта.

А еве кои се најчестите симптоми кои укажуваат дека вашето тело се бори со високо ниво на шеќер во крвта:

  • Сувост во устата
  • Стомачни проблеми
  • Импотенција
  • Бавно заздравување на рани
  • Постојано чувство на глад
  • Чувство на чешање на кожата
  • Често уринирање и уринирање во текот на ноќта
  • Проблеми со концентрацијата
  • Проблеми со нервите
  • Замаглен вид
  • Чести инфекции
  • Зголемување на телесната тежина
  • Секојдневен замор

За да се справите лесно со оваа состојба и да го регулирате нивото на шеќер во крвта, едноставно консумирајте храна со низок гликемиски индекс како што се јајцата, брокулата, оревите, црешите, грозје, сок од ананас, банани, грав, доматен сок, јаболка итн.