Нашиот црн дроб е важен орган со многу суштински функции. Препораката е да се направи се што е можно за да се заштити. Има немирници што имаат корисен ефект врз црниот дроб. Меѓу другото, тие го намалуваат ризикот од разни болести и го штитат од штетни токсини. Исто така, постојат намирници кои лошо влијаат на црниот дроб и треба умерено да се ужива во нив.

Храна која го штити црниот дроб

1. Овесна каша

Храната богата со растителни влакна може да му помогне на црниот дроб да работи оптимално. Значи, ако сакате да го започнете денот на најдобар начин, обидете се да јадете овесна каша за појадок. Истражувањата покажаа дека овесната каша може да биде одличен помошник во борбата против вишокот тежина и маснотиите во стомакот, а сето тоа помага и да се избегнат заболувања на црниот дроб.

2. Брокула

Додадете многу зеленчук во вашата исхрана ако сакате здрав црн дроб. Брокулата е важен дел од оваа стратегија. Некои истражувања сугерираат дека брокулата е таа што може да го заштити црниот дроб од  заболување.

3. Кафе

Ако не можете да го преживеете денот без барем една шолја кафе, тогаш ќе ви биде драго да слушнете дека тоа може да биде корисно за вашиот црн дроб. Истражувањата покажаа дека пиењето кафе може да го заштити црниот дроб од оштетување предизвикано од премногу алкохол или нездрава храна. Се разбира, не претерувајте.

4. Зелен чај

Зелениот чај е полн со антиоксиданти наречени катехини. Катехинот е антиоксиданс кој го чисти организмот, а истражувањата сугерираат дека може да помогне во заштита на црниот дроб од сериозни болести.

5. Вода

Една од најдобрите работи што можете да ја направите за црниот дроб е да одржувате здрава тежина, а и пиењето доволно вода помага. Водата треба да биде примарна течност што ја консумирате во текот на денот.

6. Бадеми

Јаткастите плодови, особено бадемите, се одличен извор на витамин Е, хранлива материја што според истражувањата помага да се заштити црниот дроб. Бадемите се добри и за срцето.

7. Спанаќ

Листестиот зеленчук е богат со моќен антиоксиданс наречен глутатион кој може да помогне во правилното функционирање на црниот дроб. Добрата работа е што спанаќот е лесна храна за подготовка.

8. Боровинки

Боровинките се богати со хранливи материи наречени полифеноли и можат да помогнат да се заштитите од  заболување на замастен црн дроб, кое честопати оди рака под рака со дебелината и високиот холестерол. Ако боровинките не ви се омилена храна, друга храна богата со полифеноли е: црно чоколадо, маслинки и сливи.

9. Билки и зачини

Доколку сакате да ги заштитите црниот дроб и срцето истовремено, користете оригано, жалфија, рузмарин … Тие се извор на здрави полифеноли, а нивниот дополнителен ефект е што ќе користите помалку сол во рецептите поради нив. Цимет, кари и ким се исто така добри.

Што треба да консумирате умерено?

1. Мрсна храна

Мрсната храна не е добра за здравјето на црниот дроб. Ако јадете храна со премногу заситена со масти, тоа може да ја отежни работата на вашиот црн дроб. Со текот на времето, може да се појави воспаление, што, пак, може да предизвика лузни на црниот дроб познато како цироза. Затоа е важна умереноста.

2. Шеќер

Премногу слатка храна може да остави трага на црниот дроб. Ако претерате со шеќери, црниот дроб може да создаде премногу маснотии што ќе завршат таму каде што не припаѓаат.

3. Алкохол

Добро е позната информација дека премногу алкохол му штети на црниот дроб. Цироза исто така може да се појави со текот на времето, па дури и повремено пиење неколку пијалоци може да биде штетно за црниот дроб. Затоа, обидете се да го ограничите внесот на алкохол. Ако сакате да пиете малку вино по ручекот, испијте го, но застанете на една чаша.

4. Спакувана храна

Понекогаш наместо брза спакувана храна посегнете по здрава закуска. Се разбира, тоа не значи дека треба да бегате од секој сладок залак. Балансот е важен.

5. Сол

Не мора да ја елиминирате солта од вашата исхрана. Добро е само да внимавате да бидете умерени со потрошувачката, бидејќи постојат студии кои сугерираат дека премногу сол може да има негативен ефект и врз црниот дроб. Ако јадете премногу сол, меѓу другото, вашето тело може да задржи вишок вода.