14-годишниот Хари, го дава својот максимум во ден кој за него трае цели 19 часа, грижејќи се за своите браќа и сестри, меѓу кои се и 6-годишните близнаци, Арти и Алфи, кои страдаат од Даунов синдром.

Момчето, кое сè уште оди на училиште, целосно ја презема одговорноста над своите 5 браќа и сестри, откако нивниот татко ги напушти.

37-годишната самохрана мајка Ема Лав, од Престон нема зборови со кои може да ја искаже почитта кон својот син, кој ја презема татковската улогата и сега е „глава на семејството“.

Набрзо откако пристигнал и најновиот член во семејството, односно се најмалата ќерка Елзи се родила, сопругот и татко, го напуштил своето семејство, ги оставил на цедило и родителската улога и ја препуштил на Ема, сама да се бори со предизвиците.

„Тоа беше премногу тежок момент. Ситуацијата беше претешка особено кога имате 2 деца со Даунов синдром“- вели Ема.

Таа е е поранешна професорка, која сега семејната приказна ја објави јавно, бидејќи сака целиот свет да знае за нејзиниот храбар син.

„Откатко нивниот татко нè напушти, Хари веднаш ја презема улогата на глава на семејството. Без него, не би успеала. Тој е неверојатен“- додава гордата мајка.

Истовремено Ема објаснува како не постојат зборови со кои би го опишале ова прекрасно момче. Додека неговите врсници го живеат својот тинејџерски живот, Хари не одделува ниту минута за себе.

„Постојано се грижи за близнаците, исто како тој да им е родител. Го објавувам ова, бидејќи сакам да го добие признанието кое го заслужува.“

Хари сам ја преземал улогата, без нечии наметнувања, бидејќи сметал дека така треба секој од нас да постапи во ваква ситуација. Покрај тоа што веќе знае како да се грижи за лица со Даунов синдром, Хари веќе го совладал и готвењето.

„Знам дека повеќето осудуваат, велејќи дека јас се грижам само за својата мајка. Но, јас всушност се грижам за своите браќа и сестри. Тоа е братска љубов“- вели Хари