Џина Мејџерс е горда мајка на две девојчиња, од кои, едната ќерка штотуку наполни 18 години. Таа вели дека е неверојатно чувството да се огледаш во нејзините очи, но дали сте се запрашале какви совети би и дале на оваа возраст?

За таа цел, мајката подготвила листа од 13-те работи кои таа ги научила од нејзината мајка и сега сака да ги пренесе на својата ќерка:

13-те златни работи кои секоја девојка и жена треба да ги знае

  1. Сакај се себеси на прво место.
  2. Не со секој проблем иде крајот на светот.
  3. Избери ја својата главна битка, не сите заслужуваат да се бориш за нив.
  4. Никогаш не се споредувај со другите, тие никогаш нема да бидат како тебе.
  5. Научи да велиш „не“ и не се плаши да го употребиш овој збор.
  6. Во животот треба да ја напишеш својата приказна, па потруди се страниците да ги исполниш со среќни моменти.
  7. Никогаш не трчај по еден маж. Правилното е тој тебе да те освои.
  8. Биде среќа и исполнета во својата сопствена улога и не плаши да се останеш сама.
  9. Не се плаши да погрешиш, од грешките се учи.
  10. Плачи кога има потреба од тоа, а во солзите пронајди ја твојата нова сила.
  11. Ти можеш многу повеќе отколку што мислиш.
  12. Ти си прекрасна и не дозволувај никој да те натера да се чувствуваш поинаку.
  13. Животот се состои само од денес, сега во моментот. Не можеш да го контролираш она што се случило вчера или што ќе се случи утре. Сето кое ти треба е денес и така едноставно биди среќна.