Козметичката, односно индустријата за убавина минува низ некои промени. Но, има добри вести: Модата станува сè поедноставна и поприродна. Веќе не мора да имате совршени веѓи или вештачки трепки.

Но, истовремено во светот на модата постојат уште многу работи кои постојано нè изненадуваат. Денес ви откриваме кои се 13-те најактуелни трендови во козметичката индустрија, кои жените од модерното време не престануваат да ги практикуваат:

1. Не постои совршен облик на веѓи

Оваа година, природните веѓи се на сцена, буквално од секој аспект: Боја, должина и облик). Но, по правило сепак тие треба да изгледаат средено и негувано. Многу жени користат гел за нивното обликување, со цел да ги доведат во формата во која сакаат.

2. Виолетова боја на коса

Невообичаена, впечатлива, барбика-стил, екстравагантна- сите овие придавки најдобро ја опишуваат виолетовата коса. Иако овој избор на боја беше изненадување за повеќето, во моментот кога се појави во мода, веднаш стана хит, особено меѓу славните дами. Добрата страна на оваа боја е што добро изгледа, без разлика на типот, фризурата или должината на косата.

3. Стомачна линија

Обликуваните мускулни плочки не се веќе тренд. Блогерките, славните дами и жените ширум светот постојано на своите Инстаграм споделуваат фотографии со описот #СтомачнаЛинија. Наместо класичниот нежен изглед на стомакот, тие истакнуваат друга карактеристика- чисто видлива вертикална линија. За да ја постигнете истата, потребно е да практикувате специјална диета, да практикувате вежби наменети за овој дел и да имате генетска предиспозиција за истото.

Славната манекенка Емили Ратјаковски има чиста вертикална линија на својот стомак, која гордо ја покажува, активно објавувајќи фотографии на својот профил. Можеби токму таа го започна овој тренд.

4. Контурирање со руменило

Шминкерите веќе подолго време работат на развивање на техника наречена „draping“ т.е техника при која контурирањето се прави со руменило. Истата е многу едноставна да се научи, а за таа цел само ви се потребни неколку нијанси на руменило. Едната нијанса треба да се користи при основата на лицето, втората за истакнување на јаболчиците. Прелевањето на боите е многу деликатно, нежно и едвај забележливо. Техниката може да ја изведете со било каква четка.

5. Тетоважа во форма на пеги

Луѓето кои имаат пеги уште од раѓање се често горди на истите и не се срамат од својот изглед. Оние кои би сакале да имаат, а не се родиле со таков изглед, штотуку пронајдоа нов начин и тие да имаат пеги и тоа трајни. Станува збор за тетовирање на лицето со тетоважа со изглед на пеги.

6. Пирс на прстите

Најнеобичниот начин да носите дијамант е очигледно да го ставите во вашиот прст. Самата процедура одзема неколку минути, при што специјалист прави мал засек во прстот и внатре вметнува титаниумска плочка. Подоцна на истата плочка се прикачува скапоцениот камен. Постојат многу недостатоци кај овој тренд: Може да ја повредите кожата доколку не внимавате и второ, не е добра идеја тоа да го замени класичниот свршенички прстен, бидејќи доколку некогаш дојде до развод, отстранувањето на каменот од прстот ќе остави трајни белези.

Исто така, може да вметнете дијамант или било каков скапоцен камен, на било кое друго место од телото. Процедурата се нарекува микродермал. Некои жени претпочитаат наместо на прстите, каменот да стои на нивниот врат, деколте, зглоб. Некои одат чекор подалеку и избираат тоа место да биде под очите, при што каменот изгледа како солза.

7. Кратки шишки

8. Тетоважа за прикривање на стрии

И додека некои жени се срамат од нив и се откажуваат од кремите, некои жени пронајдоа нов креативен начин како да ги прекријат, и тоа со тетоважа. Виновникот заслужен за овој тренд е уметникот, тату-мајсторот Родолф Отатуадор, кој користејќи ги своите вештини, со тетоважи ги „брише“ линиите од кожата на жените.

9. Сребрена коса

10. Пластична операција на папок

Новиот тренд се заснова на тоа што жените прават пластични операции со цел нивниот папок да лични на оној на славните супермодели- вертикално овален. Процедурата се нарекува умбиликопластика.

11. Природни трепки

Добрата вест меѓу лудите трендови е тоа што полека светот се враќа кон природниот изглед. А тука се вбројуваат и природните веѓи.

12. Пудра за нокти

Козметичарите користат пудра, која не е штетна за ноктите, нема никаков мирис и не предизикува алергии, а ја продолжува долотрајноста на гелните нокти.

13. Влажна шминка

Текстурите со мат ефект стануваат сè помалку популарни, а моментално најголем тренд е т.н влажна шминка, при која очите, кожата и усните изгледаат како навлажнети. За постигнување на овој изглед, шминкерите користат осветлувач (highlighter) за осветлување на овие зони од лицето.