Дали често се чувствувате уморени или страдате од чир на желудникот? Доколку одговорот е да, тогаш можеби на вашиот организам всушност му недостасува фолна киселина.

Што е тоа фолна киселина?

По својот состав, фолната киселина претставува витамин Б9. Тоа е витамин, растворлив во вода, односно елемент кој не се складира во организамот. Како резултат на тоа, нашето тело има постојана потреба од извори на храна богата со овој витамин.

Функции на витаминот Б9

  • Тој неопходен за производство на црвени крвни клетки
  • Ја регулира правилната делба на клеките
  • Ги синтетизира аминокиселините
  • Го метаболизира хомоцистеинот
  • Го поттикнува правилното функционирање на имунолошкиот систем
  • Помага во намалување на заморот
  • Одговорен е за растот и развојот на ткивата и функцијата на клетките
  • Исто така е од огромно значење за правилното функционирање на мозокот и игра клучна улога во психичката и физичка состојба на телото.

Основни причини за недостаток на фолна киселина во организамот

1. Исхрана

Основната причина поради која може да настане дефицит на фолна киселина во организамот е неправилната и небалансирана исхрана, кој содржи многу мало количество на овошје и зеленчуци.

2. Заболувања

Здравствените состојби како Кронова болест и целијакија, кои влијаат врз апсорпцијата на витаминот Б9 во дигестивниот тракт, може да предизвикаат недостаток од фолна киселина во организамот.

3. Несакани последици од лекарства

Некои лекарства како сулфасалазин, фенитоин и триметоприм- сулфаметоксазол може да бидат причинители за недостаток на оваа киселина.

4. Прекумерена консумација на алкохол

Алкохолот ја попречува апсорпцијата на витаминот Б9 и го зголемува неговото одделуваење од организамот преку урината.

Симптоми кои укажуваат дека на вашето тело му недостасува витамин Б9

Недостатокот од фолна киселина е доста застапен кај голем број на луѓе, а еве некои од најчестите негови симптоми преку кои се манифестира:

  • Исцрпеност и брзо заморување
  • Чирови во истата
  • Чирови во желудникот
  • Подуеност на јазикот
  • Стомачно- цревни заболувања како дијареја и опстипација
  • Црвен и чувствителен јазик
  • Бледа кожа
  • Анемијата

Дијагностицирање на недостаток на фолна киселина во организамот

Недостатокот на фолна киселина во организамот може да се дијагностицира преку вообичаено тестирање на крвта.

Како да го надополните недостатокот од фолна киселина, преку исхраната

Витаминот Б9 се содржи во следните видови на храна: Цитрусните овошја, зеленчуците, гравот, спанаќот, брокулата, бананите, доматите, како и печурките.