Брит Мари, главниот лик во истоимената книга на Фредерик Бакман, не можеше да живее без сода бикарбона. Веруваше дека содата има магични својства и не била во грешка! Можностите се безброј, а еве кои 12 нејзини употреби се извонредни, но ретко кој знае за нив.

1. Таа е лек за отечените нозе!

Едноставно измешајте 1.5 лажица сода бикарбона со 1 шолја врела вода. Нанесете на отеченото место, прек тоа ставете фолија и облечете чорапи. Може да ги оставите вашите нозе вака преку целата ноќ и утредента дефинитнво ќе ја видите драстичната разлика.

2. Одличен ексофолијатор во борбата против црнките на лицето

Направете паста од сода бикарбона и топла вода. Измијте го лицето со топла вода и потоа нанесете ја смесата, масирајте 1 минута, а потоа оставете ја така, исто на 1 минута. Подоцна измијте со ладна вода.

3. Успешно ги отстранува тврдокорните дамки

За остранување на жолтите дамки измешајте 2 лажици сода, 4 лажици хидроген пероксид и 1 лажица течен детергент. Нанесете ја смесата на потребното место и оставете ја да отстои 15-20 минути.

За отстранување на зелени и црвени дамки, како на пр. од трева или крв од фармерките, растворете мала количина на сода во топла вода и така нанесете ја смесата на потребното место. Оставете да отстои 30 минути.

За отстранување на мрсните дамки, пред да ја исперете облеката, навлажнете ја истата и нанесете сода бикарбона и протријте онаму каде што е дамката. Оставете да отстои 15 минути.

4. Ја одржува зелената боја на сварената брокула

За да го одржите зеленилото на брокулата додека се вари, додадете 1 лажица сода бикарбона во водата.

5. Материјал за моделирање

Сода бикарбона и пченкарен скроб се одлична комбинација за создавање материјал за моделирање, бидејќи соединети прават доста цврста смеса. Измешајте 1 лажица сода со 1/2 шолја пченкарн скроб и додајте 3/4 шолја топла вода. Мешајте додека сето не се соедини.

6. Ги поправа пукнатините на керамичките садови

Измешајте сода бикарбона со лепак во сооднос 1:1 и ќе добиете паста која може да ја нанесете на напукнатите места.

7. Домашни таблети за машината за садови

Измешајте 1 лажица сода бикарбона, 1/2 шолја сол и 1/3 шолја лимонска киселина. Измешајте ги сите состојки во поголем сад и додајте течност за миење садови. Сместа оставете ја да отстои 1.5 до 2 часа, а потоа направете си коцки од истата.

8. Ослободете се од белите дамки на црна табла

Едноставно навлажнете го сунѓерот во вода во која е додадена и сода бикарбона.

9. Ги отстранува пестицидите од овошјата и зеленчуците

Оставете ги овошјата и зеленчуците да отстојат 15-20 минути во раствор од 1 лажица сода бикарбона и 0.9 литри вода.

10. Омекнувач за алишта

Вашите алишта ќе станат помеки ако ги накиснете во раствор од сода бикарбона, 24 часа пред нивното перење.

11. Повторно вратете го сјајот и белата боја на ѓонот од вашите патики

Измешајте 2 лажици сода бикарбона, 1 лажица хидроген пероксид и 1 лажица вода. Нежно нанесете ја смесата со помош на четка, врз ѓонот на патиките.

12. Направете си релаксирачка купка после вежбање

Сода бикарбоната помага во опуштање и против болката во мускулите, после вежбање. Истурете 1/2 од пакувањето на сода бикарбоната во врелата вода и почекајте додека не се соединат овие две супстанци. Потоа додадете уште вода, колку што сметате дека ви е потребно и уживајте во 20 минутна купка.