Модерното не е и најскапо, туку способноста да изгледате отмено и со стил, без разлика од каде сте ја купиле облеката. Токму следните 12 совети ќе ви помогнат лесно да ја совладате оваа модна вештина.

Како да се облекувате елегантно, без да вложувате пари

1. Облеката секогаш треба да одговара на вашиот личен вкус. Доколку нешто не е 100% пријатно за вас или се двоумите, едноставно не го купувајте.

2. Не заборавајте во плакарот да имате барем една класична кожена јакна, која одговара во секое годишно време, на секое друго парче облека.

3. Научете како најдобро да ги комбинирате различните шари. Бидете смели, но сепак со умереност.

4. Пред спиење секогаш испланирајте што ќе носите следниот ден, без утрото да трошите време или да комбинирате погрешни работи од брзање.

5. Не заборавајте дека од голема важност е долната облека да одговара совршено на вашето тело.

6. Не пропушајте да ги пробате интересните и акутелни модни трикови со кои без многу труд, може да го промените изгледот.

7. Секогаш следете ја временската прогноза, особено кога времето е променливо. Дополнителната блуза нема да ви штети во случај на неочекуван дожд.

8. Пробајте да носите кошули кои на средината долу ќе ги пресвиткате. Тоа може неверојатно многу да го модернизира вашиот изглед.

9. За да заштедите време и пари, претпочитајте да купувате облека изработена од материјали кои не се туткаат, како волна, полиестер и како што се фармерките.

10. Од време на време, носете комбинации во една боја. Тоа може да изгледа многу побогато од шаренилото и впечатливите бои.

11. Купувајте во различни продавници од оние во кои купуваат вашите пријатели или колеги.

12. И на крај најважното, купената облека покрај тоа што треба да ви стои, треба и да ве радува, бидејќи така ќе изгледате најдобро во истата!