Кока-Колата е еден од најпознатите газирани пијалоци во светот. Покрај големата популарност како вкусен и освежувачки пијалок, истиот има и други намени, за кои малкумина знаат.

Прочитајте во продолжение за што станува збор:

1. Чистење на загорени садови за готвење

Понекогаш при готвењето, се случува состојките да загорат и да остават тенок црн слој на дното. Наместо да купувате скапи производи за тоа, додадте Кола-Кола во садот и оставете да отстои. Маснотијата и црниот слој веднаш ќе исчезнат.

2. Ѓубриво за растенија

Кола-Кола може да се користи и како ѓубриво за цвеќиња кои најдобро цветаат во кисела почва, иако најдобро е да се користат таблети кои не содржат шеќер.

3. Пестицид

Евтин и лесен начин како да ги отстраните штетниците во вашиот дом е да употребите Кола-Кола. Оставете сад со Кола-Кола во вашиот двор и штетниците нема да се доближуваат.

4. Чистење на рѓа

Состојките на Кола-Колата се соодветни за чистење на рѓа која често се појавува на металните предмети. Потопете ги металните предмети во Кола-Кола преку ноќ и утрото само избришајте ги истите. Исто така помага при рѓосани штрафови кои не можат да се одвртат.

5. Чистење на прозорци

Истурете мала количина на прозорецот и пребришете со сува крпа. Убаво пребришете, за да не остане од остаток од Кола-Колата на прозорецот.

6. Храна

Најкреативните рецепти настануваат со мешање на газирани пијалоци со сосови. Кола-Колата може да се користи за маринада на пилешко месо.

7. Чистење на тоалетот

Најлошата од сите домашни обврски е чистењето на тоалетот. Истурете Кола-Кола во ВЦ школката и оставете да дејстува еден час. Потоа исплакнете за да добиете бела и чиста површина.

8. Чисти алишта

Хемикалиите и состојките содржани во пијаликот овозможуваат да се отсрануваат дамки од вашата облека, како дамка од крв, или мрснотија. Потопете ја облеката во Кола-Кола и потоа исперете во машината за алишта.

9. Одмрзнување на предното стакло на автомобилот

Ставете Кола-Кола на предното стакло и отставете да дејствува 60 секунди. Мразот ќе почне да реагира и лесно ќе го отстраните.

10. Чисти плочки

Истурете Кола-Кола на подните плочки и пребиришајте.

11. Теписи

Доколку имате дамка на вашиот тепих, нанесете малку Кола- Кола и потоа исчистете со вода и сапун. Важи само за теписи со потемни бои, не за бели и светли бои.

12. Волумен на вашата коса

Кола-Колата дава на вашата коса, воедно и мекост и сјај. Внимавајте само убаво да ја измиете, за да избегнете лепење на косата.