Д-р Натали Бјалок, акушер- гинеколог во болницата Мерси Медикал, во Калифорнија, објаснува дека болката во градите е многу почеста појава кај луѓето, отколку што мислиме.

Причините за појава на истата може да бидат бројни, меѓу кои ретка причина може да биде и рак.

Доколку забележиме вцрвенување, подуеност, треска, тоа е индикатор за инфекција, при што треба веднаш да се консултираме со лекар.

Но, овие симптоми не се единствените. Еве кои се едни од најчестите причини, поради кои може да ве болат градите:

1. Настапување на менструален циклус

Една од најчестите причини за болка во градите се промените во хормоните, кои се појавуваат една недела пред настапувањето на менструалниот циклус. Цикличната болка, поврзана со менструацијата се смета за сосема нормална појава и вообичаено ги опфаќа и двете гради, додека пак нецикличната опфаќа само една града.

2. Имате воспаление

Порадите различните воспалителни процеси во градите може да се формираат цисти- акумулирање на течност. Честопати, цистите се мешаат со онколошките заболувања т.е со рак, бидејќи симптомите како што се грутките, се малку слични, но всушност цистите се вид на тумори, кои може да се излечат многу лесно.

3. Примате хормонска терапија

Доколку примате хормонска терапија за лекување на симптомите на менопаузата или за друга цел, тогаш и тоа може да биде причина за појава на болка во градите.

4. Пиете контрацептивни средства

Употребата на контрацептивни средства може да ја зголеми болката во градите, а доколку тоа се случи, тогаш најверојатно е неопходно да го смените видот на лекарството.

5. Вежбате премногу

Интензивното тренирање на горниот дел од телото може да влијае врз мускулите на градниот ѕид, сместени под самите гради. За да го спречите овој вид на болка, носете соодветна спортска облека и намалете го интензитетот на тренингот.

6. Градите ги преоптеретуваат мускулите

Тоа најчесто се случува при големите гради, кои преоптеретувајќи ги мускулите, вршат притисок и во вратот, грбот и на рамената. За да ја избегнете ваквата болка, од оваа причина, потребно е да носите соодветен градник.

7. Често носите тешки работи

Доколку често носите тешки работи, како што се самите чанти, тоа може да резултира со болка во ребрата или градниот кош- кои може да се мешаат и со болка во самите гради.

8. Носите несоодветна големина на градник

Тоа се случува многу почесто, отколку што мислите. Измерете ги добро вашите пропорции и внимателно изберете го вистинскиот градник за вас, кој нема да ги притиска градите и нема да ви создава болка.

9. Работата од вас бара подолго седење или имате лошо држење на телото

Лошото држење на телото или предолгото седење кое од вас го бара вашата работа, може да резултираат со преоптеретување на мускулите на градите. Обидете се да седите исправено, без да се потпирате и добра идеја би било да го смените столот за некој поудобен.

10. Бременост

Промените во естрогенот и прогестеронот кои ги подготвуваат градите за производство на млеко, може да ги направат градите почувствителни од вообичаено. Овој симптом може да започне и по само 2 недели од зачнувањето.

11. Имате ангина (Ангина пекторис)

При ангина, болката е сконцентрирана само во една од градите. Особено е неопходно да се обрати внимание доколку болката се има појавено на левата страна. Честите заболувања на кардиоваскуларниот систем, како ангина пекторис или инфаркт, може да се кријат под формата на болка во градите. Овој вид на болки најчесто се пропратени со чувство на притисок и горење.

Како што видовте, многу од причините за болка во градите докажуваат дека не секогаш овој вид на болка е причина за загриженост, бидејќи извор на проблемот може да биде и обичен градник.

Сепак, доколку пречесто се соочувате со болка во градите, потребно е да се консултирате со вашиот лекар.