Понекогаш дури и некоја обична, сосема вообичаена храна не е многу безбедна за консумирање. Шолја црн чај или преголем внес на омиленото сирење, понекогаш може да го наздразнат вашиот стомак.

Тоа се должи на фактот што во одредени видови храна, нивото на киселост е многу поголемо, отколку кај друга храна. Храната со висока киселост може да предизвика рефлукс, стомачни киселини и слично. Поради тоа, вашиот стомак би бил благодарен доколку понекогаш ја намалите консумацијата на таквиот вид на храна.

За таа цел, ви откриваме кои видови на храна имаат ниска pH вредност и притоа не треба да се консумираат во претерани количини.

Како бонус, на крајот од статијата, вклучивме листа на производи кои се совршени за консумирање, доколку сакате го решите проблемот со стомачните киселини.

Што е кисела храна?

Различни супстанци, вклучувајќи ја и храната која ја консумираме, без разлика дали е цврста или течна, имаат pH вредност. На сакала од 1 до 14, храната која има pH вредност помала од 7, се смета за кисела.

pH 0 – високо ниво на киселост

pH 7 – неутрално ниво на киселост

pH 14 – основно ниво на киселост (алкален)

Според идеалните стандардни, нашата крв треба да има pH вредност од 7.35 до 7.45, што се смета за малку алкално. pH вредноста внатре во стомакот изнесува од 3.5 до 5.5, што е многу кисело.

Следните видови на храна не значи дека треба сосема да ги исфрлите од вашето дневно мени, бидејќи со себе носат други видови здравствени придобивки, но едноставно кога станува збор за појавата на стомачни киселини, овие видови треба да ги консумирате умерено:

1. Зачинета храна и сосови

Зачинетата храна и сосовите може многу лесно да предизвикаат иритација на обивката на хранопроводот и да резултираат со чувство на непријатност. Претераното консумирање на зачинета храна може да доведе до формирање на металоиди во организамот, па затоа треба да бидете посебно внимателно со нејзиното консумирање, со цел избегнување стомачни проблеми.

  • pH вредност на чили сос: 8 – 3.7

2. Кофеински напитоци

Коефинските напитоци како кафе, чај и енергетските пијалоци може исто така да предизвикаат појава на рефлукс, односно стомачни киселини. И овој вид на производи може да ја надразни обвивката на хранопроводот, што може да резултира со непријатни стомачни киселини.

  • pH вредност на кафе: 4
  • pH вредност на црн чај: 4.9 – 5.5
  • pH вредност на зелен чај: 7 – 10
  • pH вредност на енергетски пијалоци: 3.4

3. Цитурсни овошја и сокови

Потребно е цитрусните овошја да се консумираат умерено, доколку сакаме да избегнеме гастроезофагеален рефлукс. Доколку се претера со консумација на портокали и грејпфрутот, тоа може да доведе до иритација на стомакот и да ви создаде чувство на непријатност.

  • pH вредност на лимон: 2.2 – 2.4
  • pH вредност на грејпфрут: 3.0 – 3.7
  • pH вредност на портокал: 3.0 – 4.0

4. Нане

Иако чајот од нане консумиран во умерена доза, може понекогаш да ја ублажи стомачната болка, сепак доколку се консумира во претерана доза, повеќе од потребното, тоа резултира со појава на рефлукс и стомачни киселини, што повторно, како и претходните видови, ќе ве направи да се чувствувате неудобно.

  • pH вредност на чај од нане: 6 – 7

5. Домати

Доматите се омилениот зеленчук на скоро сите, особено во летниот период, поради нивниот освежителен вкус. Нивниот состав, според скалата на киселост, се карактеризира со висока киселост. Исто така и претераното консумирање на домати може да доведе до стомачни кислини, но без грижи, истите може да ги смирите многу брзо, со консумирање на кисели бонбони. Киселите бонбони го поттикнуваат лачењето на плунката, што е добро за рефлуксот, бидејќи плунката за кратко време ќе ги нетурализира непријатните стомачни киселини.

  • pH вредност на домати: 3 – 4.9
  • pH вредност на доматен сок: 1 – 4.6
  • pH вредност на доматно пире: 3 – 4.5

6. Алкохол

Алкохолните пијалоци како вино или пиво, го поттикнуваат производството на киселина во стомакот и нивното консумирање во прекумерено количество, може да доведе до формирање металоиди во организамот. Не треба да престанете со консумација на алкохол, бидејќи тој го релаксира сфинктерниот вентил, туку едноставно да пиете умерено.

  • pH вредност на вино: 5 – 4.5

7. Масна и пржена храна

Масната храна, вклучувајќи ја и пржената треба исто така да ги консумираме умерено, бидејќи тие дозволуваат стомачната киселина да се врати назад кон хранопроводот.

Што треба умерено да се консумира:

  • Пржена храна: Помфрит, панирани прстени од кромид, чипс
  • Високомаслени млечни производи: Сирење (pH: 1 – 5.9), полномасно млеко (pH: 4.1 – 5.3), путер (pH: 6.7 – 6.9), јогурт (pH: 4.4 – 4.6)
  • Месо со високо ниво на масти: Говедско, свинско, јангешко месо, сланина и шунка
  • Јаткасти плодови: Индиски ореви (pH: 9), класични ореви (pH: 5.4)
  • Масна храна

Доколку се претера со консумирањето на овие видови храна, тоа ќе доведе од појава на непријатни стомачни киселини, бидејќи го поттикнуваа ослободувањето на хормонот холецистокинин.

Најдобро е овие видови на храна наместо во пржена, да ги консумирате во печена форма.

8. Газирани пијалоци

Газираните пијалоци како Кока Кола, Спрајт и Фанта го зголемуваат ризикот од појава на стомачни киселини. Меурчињата во стомакот се прошируваат и вршат притисок врз сфинктерот т.е кружнот мускул, туркајќи ја стомачната киселина да се врати назад кон хранопроводот.

  • pH вредност на Кока Кола: 2.37
  • pH вредност на Фанта: 2.82
  • pH вредност на Спрајт: 3.24

9. Лук и кромид

За луѓето кои страдаат од хроничен рефлукс, не се препорачува да се претерува во консумирањето лук и кромид, бидејќи во споротивно, дополнително би предизвикале надразнување на стомакот и лачење стомачни киселини.

  • pH вредност на: 5.8
  • pH вредност на: 5.30 – 5.8

10. Други видови на кисела храна кои треба да ги избегнуваме т.е да ги консумираме умерено

  • Пченкарно масло
  • Шеќер, јаворов сируп
  • Сол
  • Мајонез, сос од соја, оцет

Бонус: Што се случува со нашето тело кога консумираме кисела храна?

Бидејќи pH вредноста на нашиот желудечен сок е повисока од неутралната, треба да го намалиме консумирањето на храна со подеднакво висока киселост. Кога консумираме кисела храна, тоа честопати може да доведе до појава на одредени здравствени проблеми како гастроезофагеална рефлуксна болест, жиговина, расипување на забите, а во најлош случај може да доведе и до појава на камен во бубрезите.

Бонус 2: Одлична замена на киселата храна

Во продолжение следува листата на најдобрите алкални видови на храна, кои може да ги вклучите во вашето дневно мени и така ефикасно да се справите со проблемот на стомачни киселини:

  • Тофу
  • Зрна од соја
  • Зеленчуци: Артичока, аспарагус, цвекло, брокула, зелка, морков, целер, карфиол, пченка, модар патлиџан, модар патлиџан, кељ, праз, зелена салата, печурки, грашок, пиперки, компири, тиква, спанаќ
  • Лубеница, диња, банана
  • Овесна каша
  • Леб од цели зрна
  • Ориз и кускус
  • Печено пилешко месо и риба
  • Белки од јајца