Зошто луѓето страдаат од прекумерена тежина? Дел од производите на кои сме навикнале во секојдневието и ги сметаме за корисни, создаваат кисела средина во организамот. Како резултат на тоа метаболизамот се забавува, телесната тежина се зголемува и често се соочуваме со појава на разни заболувања.

Но, добрата вест е дека постои листа на производи, кои помагаат во организамот да се создаде потребната кисело-алкална рамнотежа. Тие се нарекуваат алкални видови на храна.

Богати се со минерали, витамини и бројни други корисни соединенија. Доколку ги вклучите овие видови на храна во вашето дневно мени или вашата диета, вие не само што ќе ослабнете, туку по само неколку недели, ќе се чувствувате како нови.

Еве кои се тие:

1. Спанаќ

Зошто е корисен спанаќот? Тој содржи многу антиоксиданти, сосема малку холестерол и масти, доволно количество на витамините А, Б6, Ц и К, калиум, цинк, магнезиум и калциум. Спанаќот помага во подобрување на меморијата, го намалува ризикот од кардиоваскуларни заболувања и го стимулира мозокот.

2. Диња

Нејзиниот плод не само што е многу вкусен, туку и корисен. Дињата е една од најдобрите примери за алкална храна, која содржи многу вода. Истражувањата докажуваат дека ова овошје многу побрзо ги отстранува токсините од организамот, за разлика од друга храна.

3. Карфиол

За да вашето тело секогаш има доволно количество на витамин Ц, едноставно консумирајте карфиол. Истиот го зајакнува здравјето на срцето, бидејќи има високо количество на витамин К, калиум, манган и рибофлавин.

4. Лимон

Содржи големо количество витамини Ц, Б6 и Е, рибофлавин, цинк, калциум и калиум. Сокот од лимон го намалува ризикот од инфаркт, а дури ги уништува и бубрежните камење. Исто така, доколку имате висок крвен притисок или честа опстипација, не заборавајте да консумирате лимон.

5. Банани

Велат дека луѓето со болно срце треба да консумираат банани секој ден. Но, малкумина знаат дека ова овошје помага и во балансирањето на шеќерот во крвта и му го дава потребното количество на магнезиум и калциум, на организамот.

6. Грозје

Поради високата концентрација на антиоксиданти, грозјето го намалува ризикот од појава на рак на дебелото црево, белиот дроб, панкреасот и простатата.

7. Маслиново масло

Маслиновото масло не е тренд, туку превентивен здрав избор. Тоа е богато со витамин Е, антиоксиданти и мононезаситени масни киселини, при што значително го намалува ризикот од појава на кардиоваскуларни заболувања.

8. Авокадо

Се подразбира, кај нас луѓето не консумираат авокадо секој ден. Но, доколку може да си го дозволите да го купувате од време на време, потребно е да знаете дека авокадото има богата хранлива вредност, содржи мононезаситени масни киселини, при што ја подобрува срцевата функција и ефикасно го намалува нивото на холестерол.

9. Моркови

Уште од детството родителите ни велеле дека морковите се корисни за нашиот вид. Овој портокалов зеленчук има бројни придобивки. Содржи желесо, хранливи влакна, калиум, витамини А, Б8, Ц и К. Морковите покрај видот, ја подобруваат и функцијата за паметење.

10. Брокула

Иако е на последно место, тоа не значи дека е најмалку важна. Овој зеленчук ја зајакнува функцијата на срцето и го подобрува здравјето на коските. Воедно ефикасно го намалува холестеролот и помага во борбата против ракот. Покрај железо, брокулата е богата со хранлив влакна, калиум и витамините Б6, Ц, Е и К.