Секоја жена се грижи за нејзиниот изглед, а секогаш има нешто во нејзиниот изглед што би сакала да го смени. Но, нема потреба од екстремни мерки. Совршен изглед бара само соодветни алатки за шминка и малку време.

1. Како да го издолжите лицето

Контурирањето е една од најдобрите техники со шминка за дефинирање и оформување на лицето. Првин нанесете основа, две нијанси потемна од Вашиот природен тен, по краевите каде што ви завршува косата и под јаболчниците. Ставете хајлајер на челото, под очите и на врвот од брадата и потоа вклопете ги.

2. Како да направите потенок нос

Земете потемна пудра и пуштете две линии кои водат од веѓите до врвот на носот. Пуштете една линија над врзот на носот како на фотографијата. Потоа земете пудра една нијанса посветла од вашиот тен и нанесте на врвот и во средината на носот.

3. Како да ги покриете темните кругови

Користете коректор кој треба да го нанесете во облик на линии а не кругови така што ќе почнете од внатрешниот дел кон надвор. Пред да го соедините загрејте ги прстите едни од други. Така процесот ќе биде побрз и поефикасен.

4. Како да го скратите челото

Едноставно ви треба пудра или бронзер неколку нијанси потемен од Вашиот тен. Нанесете на челото под линијата на косата и потоа добро соединете.

5. Како да ги оформите Вашите веѓи

Ви треба моливче за веѓи и восок. Првин прецртајте ја горната и долната граница а потоа исполнете го средишниот дел.

6. Како да ги направите очите поголеми

Изберете сенка за очи една нијанса потемна од Вашиот тен и ставете ја на местото каде што се свива капакот. Земете бело моливче и ставете го по внатрешната линија на окото. Додадете малку сјајна сенка на внатрешните агли на вашите очи и веднаш под лакот од веѓите. Потоа ставете маскара.

7. Како да го спречите нередот од маскарата

Ставете ја лажицата како на фотографијата и нанесете маскара како што секогаш го правите тоа. Освен што нема да ги извалкате капаците на очите, исто така ќе се намалат и грутките од маскарата.

8. Како да ги омекнете усните

Ексфолирањето помага да се спречат оштетените усни, задржувајќи ги меки и мазни. Едноставно нанесете малку балсам или вазелин во вашата четка за заби, и нежно измијте ги усните.

9. Како да го зголемите волуменот на усните

Ставете бело моливче во средината на усните, а потоа по рабовите нанесете си го моливчето од саканата нијанса. Соединете и нанесете сјај за усни.

10. Како да го сокриете црвенилото

Првото правило е да не користите розов руж. Ставете крема за навлажнување на лицето, почекајте да се исуши а потоа нанесете пудра. Друг совет е да користите зелен коректор наместо лосион. Зелената боја го неутрализира црвенилото и го прави воспалението помалку очигледно.