Доколку сакате да ослабнете, тогаш сериозно треба да размислите и да обратите внимание на вашата исхрана, особено на храната што ја консумирате за вечера, која треба да биде богата со протеини.

Протеините не се само потребни за мускулите, туку и важна компонента во исхраната која ќе ви помогне да се изборите со вишокот килограми. Токму за оваа цел денес ви откриваме листа од 10-те најдобри опции за вечера со кои брзо ќе ослабнете.

10 совршени опции за правилна протеинска вечера

  • Обичен омлет приготвен од смеса од белка и млеко, неколку свежи домати и грст замрзнати зеленчуци.
  • Пилешко филе на скара, претходно маринирано во сок од лимон со зачини и салата од било какви зеленчуци.

  • Варен кафеав ориз со морски плодови и зеленчуци.
  • Лесна супа од пилешко месо или риба.
  • 150 грама урда со зачини и лук.

  • Салата од зеленчуци и туна во сопствен сос.
  • Телешко месо и варен црвен грав.
  • Печено телешко месо со зеленчуков сос.

  • Салата од пилешки гради и целер.
  • Салата од марула и моцарела.