Според модните експерти и светските стилисти, најдоброто оружје за драстична промена на надворешниот изглед е едноставната промена на фризура. Правилната фризура може секоја дама да ја направи да изгледа совршено, без многу труд.

Фризурата најдобро може да го истакне вашето лице, да ве направи помлади, а притоа и да ги сокрие несовршеностите. Токму следните 10 фризури познати како „двојно каре“ со шишки најдобро го сокриваат широкото чело и полните образи, давајќи му на лицето затегнат ефект.