Постојат многу животни во светот кои ги виделе и најдобрите и најлошите аспекти на човештвото. Суровоста и рамнодушноста оставиле длабоки рани, но имало добри луѓе кои им ја вратиле довербата.

1. Хаската по име Хоуп

Рико Соегиарто ја пронашол Хоуп на улица во ужасна состојба, тој за 10 месеци од неа направив здраво и среќно куче.

2. Булдогот Били

Доколку Били бил пронајден некој ден подоцна најверојатно не би преживеал. За среќа за неколку месеци се вратил во форма, а се вратила и неговата доверба во луѓето.

3. Мачката Герцогиња

На оваа мачка вилицата и била повредена откако ја удрил автомобил. Повеќето ветеринари би ја успале, но еден ветеринар решил да изврши сложена операција и да го спаси мачето.

4. Зелда

Хибридот на којот и куче Зелда паднала во рацете на својот иден господар, кога нејзината тежина била само околу 9 килограми.

5. Мачката Гадис

Во индонезискиот град Семаранг, девојка по име Амира ја пронашла оваа мачка во полу-жива состојба. Со средства собрани преку Интернет, мачката Гадис успеала да се излечи, а сега само нејзината кратка опашка ја потсетува на тешкото минато.

6. Питбулот Брикс

Брикс освен физички имал и големи психички проблеми. Тој премногу се плашел од луѓето, но по неколкумесечна терапија Брикс повторно станал среќен.

7. Лавот Кан и лавицата Шејла

Кан и Шејла биле спасени од рекреативен објект каде што биле чувани во мизерни услови.

8. Кучето Пајпер

Пајпер бил пронајден во многу лоша состојба во контејнер.

9.Булдогот Лилу

Сега Лилу живее во семејство каде што има уште две кучиња. Пред тоа била пронајдена на улиците на Орегон во многу лоша состојба.

10. Верверичката Тинтин

Мала верверичка паднала од 4ти кат и удрила во гранка која и оставила голема рана. Нејзината мајка се спуштила до неа, ја помирисала и најверојатно одлучила дека нема да преживее, се свртела и избегала. Декан Андерс, сопственик на градината не можел да го дозволи тоа и ја излекувал верверичката. Денес таа е припитомена и сѐ уште живее со Декан.