Витаминот Ц е супер важен за одржување на вашето тело здраво и за негово правилно функционирање. Потребно е секојдневно да внесувате доволно количество од истиот бидејќи за разлика од другите витамини, витаминот Ц не останува во вашиот систем многу долго.

Недостаток на витамин Ц во вашето тело може да доведе до опаѓање на самиот квалитет на животот и и низа други проблематични симптоми. Сите настанти здравствени состојби може лесно да се решат, со едноставно примање поголемо количество на овој витамин.

Во продолжение следуваат 10 рани симптоми кои укажуваат дека потребното количество на витамин Ц исчезнува од вашиот организам, а за кое можеби не сте свесни и е клучно за вашето здравје.

1. Вашите непца се често отечени и постојано крварат

Витаминот Ц е фундаментален за здравјето на непцата. Доколку вашето тело не ја добива секојдневно соодветна дневна доза, постои голема шанса за појава на гингивитис. Доколку сметате дека правилно се грижите за вашата орална хигиена, но сепак имате отечени непца кои постојано крварат, обидете се да земате повеќе витамин Ц. Експертите сметаат дека доволно количество од овој витамин е околу 75 мг на ден за возрасни жени и 90 мг на ден за возрасни мажи. (Доколку сте пушач, додадете дополнителни 35mg дневно на оваа доза).

2. Лесно се здобивате со модринки и рани, а на истите им е потребно долго време за заздравување

Ако премногу лесно добивате модринки, постои шанса да ви недостасува витамин Ц во организамот. За среќа, ова може да се реши доколу секој ден консумирате доволно цитрусни овошја и зеленчук. Покрај тоа, доколку на вашите гребнатинки и им е потребно подолго време за да заздрават, тоа исто така  е знак дека треба да го зголемите внесот на витамин Ц. На организмот му треба витамин Ц за производство на колаген, па затоа со задоволство уживајте во консумирањето портокали.

3. Вашата коса е кршлива и лесно опаѓа

Доколку се соочувате со губење на косата и нејзино оштетување, постои можност дека едноставно не ја земате потребната дневна доза на витамин Ц. Пред да потрошите куп пари на производи за коса, обидете се да јадете храна богата со витамин Ц, како брокула и киви.

4. Постојано имате болки во зглобовите

Болката во зглобовите е многу вообичаен ран знак на недостаток на витамин Ц. Бидејќи витаминот Ц е толку моќен антиоксиданс, недостатокот на истиот во вашето тело може да доведе до воспаление и да предизвика појава на болка зглобовите. Болката во зглобовите може да биде прилично ужасна за справување, па затоа добра идеја е да започнете со додавање на витамин Ц во вашето дневно мени.

5. Постојано се разболувате и на вашиот имунитет му е потребна енергија

Доколку често се соочувате со настинка и инфекции, тоа може да биде индикатор дека вашиот имунитет е ослабнат. Витаминот Ц го стимулира производството на бели крвни клетки, кои се борат со заразни болести и слични надворешни влијанија. Доколу постојано сте болни, тоа значи дека вашиот имунолошки одговор е слаб и треба да го зајакнете со зголемување на внесот на витамин Ц.

6. Вашата телесна тежина се зголемила без некоја посебна причина

Доколку не сте поминале низ некоја голема промена во вашиот животен стил, а сепак вашата телесна тежина се зголемила, тоа може да има врска со недостаток на витамин Ц во вашиот организам. Бројни стражувања ја истакнуваат директната врска меѓу ниското ниво на витамин Ц во телото и зголемувањето на мастите. Витаминот Ц му помага на вашето тело поефикасно да согорува маснотии, затоа обратете внимание на правилната и здрава исхрана, која треба да биде богата со овој моќен витамин.

7.  Се чувствувате поспано и изморено во текот на целиот ден

Доколку спиете доволно во текот на ноќта, но се чувствувате без енергија во текот на денот, постои можност да не внесувате доволно витамин Ц. Заморот е еден од многуте симптоми што произлегуваат од недостаток на витамин Ц во вашето тело Ќе се чувствувате помалку уморни откако ќе го прилагодите дневниот внес. Консумирајте киви наместо да пиете 10 шолји кафе!

8. Вашата кожа е сува и збрчкана

Како што рековме претходно, витаминот Ц е супер важен за производство на колаген. Ова значи дека доколку не внесувате доволно витамин Ц, голема е веројатноста  вашата кожа е изгледа сува и збрчкана, бидејќи колагенот ја прави вашата кожа сјајна и блескава. Токму поради ова, не е никакво изненадување што постојат толку многу скапи серуми со витамин Ц на пазарот за нега на кожата.

9. Вашиот нос често крвари

Крваењата од носот вообичаено не се опасни за целокупното здравје, но доколку пречесто се соочувате со истите, тоа може да значи дека на вашето тело му треба повеќе витамин Ц. Вашиот нос е исполнет со ситни крвни садови и витаминор Ц е важен за да одржување на нивната сила . Доколку тие не се доволно силни, тогаш може да предизвикаат крварење од носот.

10. Вашите нокти се слаби и кршливи

На организмот му е потребен витамин Ц за подобро да го апсорбира железото. Доколку вашиот систем е без витамин Ц, тоа може да доведе до анемија со недостаток на железо, што предизвикува кршливи нокти. Доколку сте пробале засилувач на нокти, но не сте виделе никакви резултати, можеби потребно е да внесете промени во вашето дневно мени, со вклучување на повеќе свежо овошје. Така може всушност да го решите овој проблем и да го подобрите вашето целокупно здравје.