Секој од нас во својот дом користи и чува одредени работи долги години, па дури и децении. Иако ваквиот вид на предмети ни се чинат вечни, сепак малкумина знаат дека и тие како и сите останати, имаат свој рок на траење.

Еве за кои 10 работи најчесто повеќето од нас продолжуваат да ги користат многу повеќе време од назначеното:

1. Зачини

Овој факт можеби нема да им се допадне на колекционерите на ретките зачини. По временски период од 2 години, зачините ги губат нивните својства, како и самата арома.

2. Спортски обувки

При активно користење на спортските обувки, веќе се губи еластичноста и цврстината на нивниот дизајн, особено во делот кај петите. Патиките треба да ги менуваме на секои поминати 400 км, а обувките за останатите спортови треба да ги менуваме на секои 6 месеци.

3. Четка и паста за заби

Четката за заби треба да ја менуваме на секои 3 месеци, за да истата не се претвори во извор на бактерии. Пастата за заби, по нејзиното отворање, најмногу може да се користи 1 година, па затоа ако имате малку пакување наменето за патување, проверете го неговиот рок на употреба.

4. Крпи

Покрај фактот што мокрите крпи се идеална средина за размножување на бактериите, нивното често перење во машината за алишта, при кое се изложени на разна температура, доведува до губење на својства на нивниот материјал. Затоа се препорачува истите да ги менуваме на секои 3 години.

5. Четки за коса

Дури и со нивно редовно чистење, максималниот рок на употреба на четките за коса е 1 година. Доколку ги користиме подолго временски период од ова, истите може да влијаат штетно врз нашата коса, предизвикувајќи појава на повеќе првут.

6. Градници

По 2 години, ова парче започнува да ја губи неговата цврста форма, со што веќе градниците не им даваат на градите потпора како на почетокот и со тоа веќе не се добри за употреба.

7. Перници

Независно од нивниот состав, по 2-3 години перниците ја губат нивната форма и во истите многу лесно започнуваат да се развиваат грини. Здравјето и квалитетниот сон е многу поскап од промената на една перница, зарем не?

8. Душек

Покрај постелнината и перниците и душекот е оној на кого му е потребна промена од време на време. За разлика од повеќето работи со пократок рок, душекот е неопходно да се менува на секои 8-10 години, а на секои 6 месеци потребно е да го свртите, со цел подолго време да ја одржите неговата форма.

9. Паметен телефон

И паметните телефони се наоѓаат на листата на работи кои имаат свој рок на траење. Од вашиот паметен телефон може да очекувате да работи потполно функционално најмногу 2-3 години, а по овој временски период уредот започнува да губи од неговиот квалитет.

10. Сунѓер и очила за сонце

И работите кои речиси ги користиме, без премногу да им посветуваме внимание треба да ги менуваме почесто отколку што мислиме. Кај очилата, рокот зависи од самиот производител, но општо треба да се менуваат најмногу на секои 2 години, додека пак кај сунѓерите, временскиот период е многу помал, со цел истите да бидат безбедни за нашето здравје.