Кога станува збор за фрлање на одредени работи, повеќето луѓе имаат навика да ги задржуваат непотребните предмети, со изговор дека можеби некогаш ќе им се најдат.

Или пак, одбиваат да ги фрлат остатоците од храна, бидејќи наредниот ден можеби немаат слободно време за подготовка на нов ручек или пак сметаат дека храната е послатка вака, откако поминало одредено време.

Но, според техничкиот специјалист за храна, хигиена и здравје од Интернационалниот сервис на УСДА,  Мериен Х. Грејвели открива дека од следните 11 работи во кујната, веднаш треба да се ослободите:

1. Сунѓерот

Можеби детално ги чистите со многу средства, па дури и го ставате на вриење, но според Мериен, комплетното чистење на еден сунѓер е тешко изводлива работа. Тоа особено се должи на неговата структура со бројни дупчиња, во кои, колку и да го чистите сунѓерот, остануваат да се развиваат патогени, односно бактерии кои можат да предизвикаат сериозни инфективни заболувања. Најдобро решение е замена со нов сунѓер.

Воедно, доколку готвите и дел од состојките испаднат на површината од шопретот и слично, исчистете со хартија, но не со сунѓерот.

2. Остатоци од храна, за која не се ни сеќавате кога сте ја приготвиле

Во задниот дел од фрижидерот имате остатоци од некој минат ручек на кој не се ни сеќавате? Најдобро и единствено решение е веднаш да ги фрлите тие остатоци. Се препорачува остатоците од храна најдолго да можат да се користат до 3-4 денови, но ништо повеќе од тој рок. А доколку пак забележите и појава на мувла, непотребно е да се каже дека итно храната треба да се најде во корпата за отпадоци.

3. Храна во замрзнувачот на која има лед повеќе од потребното

Доколку храната сте ја подготвиле правилно, бактерите нема да претставуваат проблем. Но, доколку на истата забележите акумулиран лед и тоа повеќе од потребното и вообичаеното, тогаш не ја консумирајте таа храна, бидејќи воопшто нема да биде вкусна.

4. Производи со поминат рок

Понекогаш купуваме посебни состојки кои ги користиме во некој специјален рецепт, но и само тогаш, при што остануваат во кујната заборавени и со текот на времето, нивниот рок на траење поминува. Не постои добра причина зошто би чувале производи со изминат рок.

5. Зеленчукова и пилешка супа, складирана во сад

Однапред подготвената супа и складирана во сад, изненадувачки има краток рок на траење. Доколку сакате супа, тогаш консумирајте ја веднаш по нејзината подготовка.

6. Стари зачини

Мериен се согласува дека зачините губат од својата функционалност и вкус после 1 година. Пролетта е добар период од годината да ѕирнете во вашата кујна и подетално да проверите што има во неа. Експертот истакнува дека не станува збор за причина во однос на безбедноста, туку едноставно дека таквите зачини веќе не се корисни.

7. Жолчки или белки

Секој кој обожава да користи жолчки или белки во своите јадења, Мериен препорачува откако ќе ги одделите, веднаш да ги складирате во фрижидерот. Откако јајцето е отворено, во следните 24 часа мора да ги складирате неговите одделни компоненти во фрижидер.

8. Даската за сечење која веќе долго време ја користите и се појавиле линии од сечењето

Без разлика дали даската е дрвена или пластична, доколку веќе има премногу пукнатитни настанати од сечењето, на нејзината површина, време е да ја фрлите и да ја замените со нова. Бактериите уживаат да се сместат во такви вдлабнатини и процесот на чистење е отежнат поради тешко достапните места.

9. Месо кое мириса чудно

Доколку месото што сте го купиле може да го намирисате преку ќесичката или пак, откако ќе го извадите, ако веднаш испушта непријатен и чуден мирис, тогаш воопшто не го приготвувајте. Мериен вели дека месото што мириса лошо, ќе има подеднаков лош вкус, а во најлош случај, може да испушти отрови и да го загрози организамот на личноста која го консумирала.

10. Пециво кое воопшто не делува

Доколку пецивото не делува во рецептите, тогаш најверојатно му поминал рокот. Затоа, одлична алтернатива е сода бикарбона, која е и далеку подобра во функционалноста од пецивото.