Оцетот на сите нам ни е познат како кисела течност со остар мирис што служи за зачинување или за конзервирање на храна. Но, корисноста на оцетот е многу поголема од што знаеме, а еве на кои други 10 начини може да го употребиме.

1. Ја осветлува косата

Отстранете го непотребниот вишок што се насобрал во вашата коса од претходно користените производи и освежете ја, а притоа и осветлете ја вашата коса користејќи бел оцет, така што на корените нанесете 1 лажица од истиот.

2. Помага за подобро варење на јајцата

Додадете малку оцет во истата вода што ја користите да ги сварите јајцата и резултатот ќе биде одличен, а тоа е затоа што протеините во белките побрзо се стврднуваат кога се изложени на допир со кисела течност.

3. Служи како замка за инсектите на овошјето и зеленучкот

Оцетот е совршна пестицидна алтернатива за успешно да се ослободите од малите и ситни инсекти кои се наоѓаат на површината од овошјето и зеленчукот.

За оваа намена, ставете малку оцет во чаша и притоа додадете неколку капки од средството за миење садови и измијте го овошјето.

4. Ги избелува забите

Јаболковиот оцет со неговите кисели својства помага во избелувањето на дамките, па затоа луѓето го користат и како избелувач за забите.

Едноставно, со малку памук, претходно потопен во оцет, нежно нанесете на површината на вашите заби.

Многу важно е при оваа употреба, подоцна да не заборавите да ја исплакнете добро нанесената смеса.

5. Помага во борба против акните

Истражувањата покажале дека нанесување мали количини на оцет врз акните е ефикасен начин да се ослободите од нив.

Но, имајте на ум, доколку вашата кожа е пречувствителна, сепак не се препорачува да се користи оцет, бидејќи може да предизвика изгореници.

6. Го намалува нивото на шеќер во крвта

Оцетот служи како одлично помагало на дијабетичарите за полесно да го контролираат нивото на шеќер во крвта.

За ова, доколку се земаат и лекови, потребно е прво да се консултирате со вашиот лекар.

7. Ја враќа свежината на стариот душек

Изборете се против мувлата и стариот мирис на вашиот душек со помош на оцетот. Односно, направете домашен раствор од оцет и неколку капки од чајно дрво. Ставете ја смесата во шише со прскалка и попрскајте насекаде на површината на душекот.

8. Омекнувач за алишта

Искористете го оцетот како домашен омекнувач за вашите алишта, со тоа што ќе додадете 1 чаша бел оцет во крајната фаза од перењето на алиштата, односно пред нивното исплакнување.

9. Ја одржува чистотата на тоалетната школка

Тоалетната школка, без сомнеж е најупотребуваниот елемент во бањата, а бидејќи сите во домот го користат, еве и еден многу лесен начин како брзо и ефективно да ја исчистите:

Во тоалетната школка истурете 1 чаша бел оцет и оставете го да отседи преку ноќта. Наредниот ден, додадете сода бикарбона во школката и со четката убаво истријте ги ѕидовите и дното. Пуштете вода и ќе ги видите одличните резултати.

10. Лесно ги отстранува вишокот тврдокорни маснотии од скарата

Користењето на скарата резултира со насобран вишок од маснотии кои едноставно не можете лесно да ги отстраните, па за оваа цел искористете го оцетот во вашиот дом со тоа што ќе ја попрскате масната површина и со помош на сунѓер, маснотиите лесно ќе исчезнат.