Секој од нас некогаш помислил дека има натпросечна интелегенција. Неочекувана генијална идеја или точна претпоставка често ни дава чувство на длабоко задоволство, и не` тера да помислиме дека можеби сме попаметни од другите.

Најдовме 10 неочекувани знаци кои го откриваат скриениот гениј кај една личност.

1. Често чувство на досада

На интелигентните луѓе секогаш им е здодевно кога прават рутински работи. Ова е поврзано со фактот дека со многу знаење и вештини, луѓето со поразвиен интелект не можат да го искористат целиот свој потенцијал при извршување на секојдневни задачи.

Веројатно нема да можете да го привлечете овој тип на луѓе зборувајќи за поправки во кујната или цените на имотот. Има повеќе шанси тие да започнат дискусии за апстрактни и глобални теми.

2. Тенденција да се чувствуваат помлади отколку што се

Еве еден интересен факт што вреди да се напомене, високо интелектуалните луѓе се чувствуваат помлади. Покрај тоа, колку е повисоко нивото на интелигенција во адолесценцијата, толку е поголема веројатноста да се чувствуваме помлади во староста. Шерон Стоун е добар пример, се чини дека таа никогаш не старее во душа. Нејзиниот коефициент на интелигенција е 154.

3. Чести егзистенцијални кризи

Интелектуалците честопати се жалат на егзистенцијални кризи во нивните животи. Исклучително е важно овие лица да ја најдат својата мисија и цел, во спротивно, може да развијат психолошки проблеми.

4. Тешкотии во градењето романтични врски

Истражувањата покажуваат дека луѓето со коефициент на интелигенција над 120 честопати се осамени, најчесто преферираат партнери со понизок коефициент на интелигенција.

5. Навика да гризете нокти

Изгледа дека за генијалците е потешко да се ослободат од лошите навики отколку за другите луѓе. Не само што навиката да гризете нокти покажува дека имате зголемено ниво на стрес во животот, туку и ве опишува како перфекционист кој се стреми да ги исполни поставените задачи што е можно побрзо.

6. Заборавате работи

Дури и генијалците имаат свои несовршености. Најпаметните умови на нашата планета имаат тенденција да се занесуваат со своите идеи толку многу што целосно забораваат да ги извршуваат секојдневните задачи. Па, што очекувате кога вашиот ум е зафатен со судбината на нашиот Универзум?

7. Способност за решавање проблеми на оригинален начин

„Треба да ги разберете работите за да измислите повеќе работи“, рече познатиот милијардер Бил Гејтс. Оваа фраза ни кажува како функционира нашиот ум, за да бидете креативни, треба да ја разберете суштината на нештата околу вас.

Примената на оригинални начини за решавање проблеми во секојдневниот живот може да укаже на висок интелект и нашата способност да размислуваме креативно е совршен пример за тоа.

8. Често доцните

Постои голема шанса луѓето кои секогаш доцнат да поседуваат високо ниво на интелект. Луѓето кои едвај можат да ги завршат своите планови до крајниот рок, се склони кон покреативно размислување и се оптимисти.

9. Способност да се каже не на себе и на своите импулси

Трпението не е едноставна позитивна особина, туку и показател за интелектуалниот развој. Научниците веруваат дека луѓето кои се способни внимателно да ги измерат опциите и се способни да се спротивстават на импулсивните желби, покажуваат подобри резултати при тестирање на нивното ниво на интелигенција.

10. Не се сметате за премногу паметни

Постои нешто што се нарекува Данинг – Кругеров ефект во психологијата, кој вели дека помалку компетентните луѓе обично имаат тенденција да ги преценуваат своите интелектуални способности. Квалификуваните луѓе најчесто не ги перцепираат своите способности соодветно и го потценуваат нивното вистинско ниво на знаење.