Речиси 1 од 3 жени го раѓаат своето дете по пат на царски рез, па затоа сè повеќе е потребна едукација на оваа тема. Постојат многу работи што една нова мајка може да ги направи за да побрзо заздрави по породувањето со царски рез.

Во продолжение споделуваме кои работи ќе го олеснат и забрзаат процесот на заздравување на новите мајки

1. Внесувајте пробиотици и консумирајте ферментирана храна

Антибиотиците што им се даваат на мајките за време на операцијата може да влијаат врз добрата бактерија во желудникот. Поради тоа, мајката која направила царски рез потребно е да го праша својот лекар за пробиотици, кои ќе помогнат да се обнови цревната флора. Тоа воедно ќе го обнови и зајакне имунитетот и ќе спречи дијареја. Консумирањето ферментирана храна ќе резултира со слични придобивки.

2. Одете често на прошетки

Веднаш штом вашиот лекар ќе ви даде зелено светло за физичка активност, започнете со одење на кратки прошетки во времетраење од 30 минути. Тоа ќе ви помогне да се ослободите од гасовите, ќе ја зголеми и подобри циркулацијата на крвта, ќе го намали ризикот од појава на грутки во крвта, ќе ја подобри функцијата на цревата и ќе му помогне на вашето тело да се врати во нормала. Во некои случаи, кај некои мајки препорачливо е да пешачат на кратки релации уште на првиот ден кога ќе се врати дома.

3. Избегнувајте храна што предизвикува воспаление

Исхраната е од голема важност за новите мајки. Затоа потребно е од вашето дневно мени да го намалите и органичите внесот на храната со воспалителни својства како црвеното месо, белиот леб и пржената храна. Обратете повеќе внимание на консумирање храна со антивоспалителни својства, како што се боровинките, кељот, брокулата, јаткастите плодови и семките. Храната со аминокиселини како пилешкото месо и лососот помагаат за обновување на ткивото.

4. Обидете се со лекови против болка

Сосема нормално е новата мајка да се соочува со болка, која може дури да трае 2 недели по направениот царски рез. Лекарите најверојатно ќе ви препишаат лекарства со антивоспалителни својства, како ибупрофен, кое можеби ќе треба да се зема 4 пати дневно за време на тие 2 недели. Прашајте го вашиот лекар, кои лекарства најдобро ќе ви помогнат да ја издржите болката.

5. Погрижете се да одмарате многу

Одмарањето е од исклучителна важност после секоја направена операција, а ниту царскиот рез не е исклучен од ова правило. Секако, да се одмори квалитетно и да се има добар сон со новороденче во домот не е толку едноставно. За идеално се смета мајката да се обиде да спие истовремено кога ќе спие и нејзиното бебе и да ја добие потребната помош од најблиските во секој момент. Иако справувањето со новата ситуација ќе ви биде огромен предизвик, никако не заборавајте да одмарате секогаш кога ќе можете.

6. Користете помагала за време на доењето

Ако новата мајка одлучи да дои, потребно е да има помагала при доењето, доколку има направено царски рез, бидејќи самата операција е директно поврзана со зголемениот ризик на појава на потешкотии при процесот на доење. Поддршката при доењето може да дојде во многу форми, како специјален стол наменет за доење, специјална перница, па дури може и да обрати до консултат од областа на доењето. Сите овие работи ќе им помогнат на новите мајки успешно да го изведат доењето и притоа да ја намалат болката.

7. Изборете се против опстипацијата

По направениот царски рез, новата мајка може да се соочи со ризик од опстипација, поради хормонската промена, исцрпените стомачни мускули, па дури и поради најобичната работа како поминувајќи предолго време во кревет. Не само што ова може да биде болно, туку и може да доведе до повреда на засекот на раната. За да се изборите со ова, внесувајте многу вода во организамот, консумирајте храна богата со хранливи влакна како овошје, а дури можете да го замолите вашиот лекар да ви препише нешто за омекнување на столицата.

8. Обратете внимание на знаци кои укажуваат на инфекција

По операцијата, од голема важност е да го набљудувате вашето тело во случај да се појават знаци кои укажуваат на инфекција. Новите мајки треба да ја проверуваат нивната температура на секои 24 часа и доколку забележат симптоми како отекување, интензивна болка, црвени линии или појава на треска, веднаш да отидат на лекар.

9. Користете влошки за вагиналното крварење

Иако царскиот рез го заменува вагиналното породување, сепак и новите мајки кои направиле царски рез може да искусат вагинално крварење, уште познато како локија, во текот на првиот месец по раѓањето на нивното дете. За апсорбирање на крварењето, потребно е да користите влошки, а  да го избегнувате користењето на тампони и средства за испирање, бидејќи можат да предзвикуваат инфекции, освен доколку нивната употреба не ја правите по препорака на вашиот лекар.

Новите мајки кои се соочуваат со прекумерено вагинално крварење, појава на специфичен мирис или температура, потребно е да го контактираат својот лекар најбрзо што можат.

10. Контролирајте ги своите емоции

Породувањето, без разлика дали било природно или со царски рез, може да биде емотивно исцрпувачки момент, бидејќи некои нови мајки можат да почувствуваат вина или срам. Доколку и кај вас се развиле такви чувства, постојат многу начини на кои може да ги надминете истите, како на пример, разговор со терапевт или со најблиските може да ви биде од голема помош.

Кога станува збор за емоциите и помошта околу нив, раната интервенција и добивањето соодветна поддршка ќе помогне да се спречи развојот на постпородилна депресија.

Бонус: Како да ја негувате лузната од царскиот рез?

Кога станува збор за заздравувањето, многу мајки најверојатно би сакале да знаат како правилно да ја негуваат лузната од царскиот рез и да ја намалат видливоста на истата.

Всушност постојат различни видови на лузни кои мајките може да ги имаат, а тоа може да влијае и врз видот на третманот.

  • Лузната на матката обично се затвора по хируршкото шиење, а тоа може да се постигне и со хируршки лепак. Побарајте од вашиот лекар, при операцијата да користи токму таков лепак за да го минимизира изгледот на лузната и да го забрза процесот на нејзиното лекување. Но, сепак тоа не секогаш е опција, бидејќи дури и масните наслаги и кожата можат да влијаат врз одлуката на лекарот.
  • Чистете ја со вода во која има растворен сапун, оставајќи ја смесата да капе на раната. Потребно е да не ја триете самата површина, туку нежно да ја плакнете со помош на крпа.
  • Изложете ја површината на воздух, а воедно носете опуштена облека. Но, внимавајте да не ја изложувате раната директно на сончеви зраци.
  • Прашајте го вашиот лекар дали може врз лузната да нанесете антибиотик или вазелин.

Различни методи можат да помогнат за намалување и ублажување на изгледот на лузната, но пред употреба, третманот прво треба да биде одобрен од вашиот лекар.

  • Специјални силиконски фластер за лузни можат да помогнат за омекнување, израмнување и измазнување на лузните. Сепак, тие треба да се користат само околу 1 месец по направениот царски рез. Силиконските гелови и креми можат исто така да дадат сличен ефект.
  • Во потешки случаи, може да биде потребна ласерска терапија, стероидни инјекции, а во поекстремни, лузната може да се третира со повторна операција.