Многу жени мразат кога имаат стомаче, но неодамнешно истражување спроведено од MailOnline откри дека мажите сакаат кога жените имаат стомаче. Тие го сметаат за поубаво и поприродно од затегнатите мускули. Ако мислењата на мажите не се доволни за да ве убедат и вие сепак сакате да го скриете вашиот стомак под вашата облека, треба да го направите тоа на паметен начин, во спротивно, постои шанса да направите да изгледа поголем.

1. Изберете лабава облека пред тесна

Еднобојните модели се најдобри за вас. Ова не значи дека треба да носите само темни еднобојни нијанси за да изгледате послабо. Носете софистицирани пастелни бои. Секогаш нагласете го струкот со ремен во слична или иста боја.

2. Обрнете внимание на облеката со вертикални линии

Вертикалните линии на облеката прават да изгледате повисоки и послаби. Но, обрнете внимание линиите да не бидат премногу широки, бидејќи така и вие ќе изгледате пошироки.

3. Потенцирајте друг дел од вашето тело

Златно правило: Доколку не ви се допаѓа стомакот истакнете ги градите или нозете.

4. Одберете фустани со „макси“ должина

Фустаните кои што се под колената ќе му дадат убав „пад“ на вашето тело и ќе ве издолжат. Фустанот подолу прикажува како е истакната проблематична област и е уништен целокупниот изглед.

Одличен начин да се скрие стомакот е да се носи трапезоиден фустан без тесни точки.

5. Користете еднобојни блузи и кошули.

Еднобојните блузи и кошули не само што ќе ви дозволат да носите нешто поинтересно во канцеларијата, туку исто така се одлична опција за забавен викенд ако ги изберете вистинските модели.

6. Носете лабави блузи, маици, и туники.

7. Пантолони со висок струк

Пантолоните со висок струк ја прават линијата од половината до колковите мазна. Страните нема да бидат видливи. Класичните црни или едноставни темни панталони изработени од дебела ткаенина можат да бидат основно нешто што ја одржува облеката заедно.

8. Заборавете на фармерки со низок струк

Фармерките со висок струк се за вас. Но внимавајте да немаат големо копче затоа што тоа може да го истакне стомакот.

9. Носете здолништа

Молив-здолниште направено од дебела ткаенина или темна боја со чевли со високи потпетици е уште една тајна за тоа како проблематичните области да бидат помалку истакнати. Малку разиграно здолниште може да биде алтернатива на молив-здолништето. При изборот на вакво нешто, можете да одберете светла боја. Се разбира, ова здолниште мора да има висок струк.

10. Носете кардигани

Кардиганот е универзално парче облека. Тоа оди добро со панталони, фармерки, здолништа и фустани. Тоа ќе создаде вертикална линија која ќе го издолжи вашето тело.