Секоја дама, сака секогаш да изгледа беспрекорно, самоуверено и прекрасно, за време на фотографирањето, но често пати, повеќето од нас не умеат да позираат правилно, што доведува до лош резултат.

Неправилната поза и несоодветниот агол резултираат со лоша фотографија, при што за таа цел, денес ви откриваме 10 неверојано лесни трикови кои треба сите дами да ги знааат, доколку сакаат на фотографиите да изгледат совршено, во секој момент, а крајниот резултат да доликува на вистинска ѕвезда!

Следните 10 пози ќе ви помогнат и ќе ве научат како да го истакнете вашето тело, воедно ќе ги сокријат вашите недостатоци:

Поза бр. 1

Оваа поза е основна и најлесна од сите. Потребно е едната рака да ја поставите на колкот, додека другата рака потребно е да биде поставена на половината. Поради растојанието кое визуелно се добива меѓу рацете и вашето торзо, вашата половина изгледа многу повитко и пофино.

Поза бр. 2

Оваа поза многу наликува на првата, но овој пат, една рака е спуштена по должина на телото. Треба да бидете насочени кон објективот, но телото да ви биде благо наведнато на страната на спуштената рака.

Поза бр. 3

Доколку во ваша близина има ѕид, маса или некој сличен предмет, тогаш слободно потпрете се на истиот. Рацете треба да бидат поставени од страните на телото и притоа внимавајте да не ги кревате рамената повисоко, бидејќи тоа визуелно ќе ја намали должината на вашиот врат.

Поза бр. 4

Не е неопходно да правите нешто со вашите раце или нозете, но понекогаш е доволно да се поставите во природна и елегантна положба. Рацете може да ви бидат потпрени на нозете, како на фотографијата и телото благо да биде свртено и наведнато кон едната страна.

Поза бр. 5

Секогаш е добра идеја да се потпрете на вашиот лакт, доколку правите странична фотографија. Оваа поза ќе ви помогне да го израмните вашето тело, сокривајќи ги недостатоците, а истакнувајќи ја должината на рацете.

Поза бр. 6

Најчесто, наједноставните пози резултираат со најуспешни т.е најсовршени фотографии. Наведнете го телото на една страна, потпирајќи се на некој предмет и притоа благо свиткајте ја едната нога. Вака вашата силуета ќе изгледа извонредно и беспрекорно.

Поза бр. 7

Оваа поза е совршена доколку сакате вашата фотографија да биде во форма на портрет. Нежно свиткајте ги рацете и поставете ги на некоја повисока површина, притоа благо наведнувајќи ја главата кон едната страна.

Поза бр. 8

Линиите кои може да се најдат на една фотографија, секогаш може да бидат од голема полза, бидејќи истите може целосно да го насочат вниманието кон најважното нешто, а тоа сте вие. Може да се потпрете на било кој предмет, како што е прикажано на фотографијата, но без да се потпирате со целата ваша тежина.

Поза бр. 9

Доколку не знаете што да правите со вашите раце, не грижете се! Најлесното решение за овој проблем е да ги поставите рацете зад вас или во џебовите. Оваа поза е меѓу најлесните за изведување.

Поза бр. 10

Уште една едноставна, а извонредна поза доколку сакате да се фотографирате за портрет. Позата заземена во овој агол, ќе го направи вашето лице да изгледа визуелно послабо.