Започна сезоната на матурски и апсолвентски прослави, а доколку сè уште немате идеја што да подарите на вашата ќерка, девојка или пријателка по повод еден од нејзините значајни моменти во животот, следните 10 предлози ќе ви помогнат во тоа!

1. Префинети обетки

Обетките од фотографијата може да ги најдете во Манго.

2. Елегантна чанта

Во колекцијата на девојките, бројот на чанти никогаш не е доволен. По вкусот и карактерот на личноста што ќе ја подарувате, одберете ја совршената чанта во вистинската боја за неа.

Чантата од фотографијата може да ја најдете во Parfois

3. Впечатлив часовник

По средношколските и факултетски денови, времето ќе биде клучно за младите дами кои ќе започнат да го градат својот живот и својата кариера. Со квалитетен и впечатлив часовник на рака, тоа ќе го направат беспрекорно.

Часовникот од фотографијата може да го најдете во B-watch.

4. Модерни патики

Девојките сè почесто сакаат да спортуваат и да носат патики со секоја модерна комбинација, па овозможете им го тоа да го направат со стил. Патиките од фотографијата може да ги најдете во Sport M.

5. Паметен телефон

Младите денес ја обожаваат технологијата, која го претставува нивното урбано секојдневие. Некоја корисна алатка или телефон би бил секогаш добредојден подарок за истите.

Телефонот од фотографијата можете да го најдете по поволна цена во Сетек.

6. Луксузни обувки

Сон на секоја девојка е безброј гламурозни чевли, па така еден пар екстравагантни обувки би бил совршениот подарок. Сандалите од фотографијата може да ги најдете во Зара.

7. Незаборавно патување

Со развојот на туристичките агенции и кај нас, денес лесно можете да најдете поволни понуди кои по ниска цена, овозможуваат посета на популарните дестинации.

8. Ваучер од омилената продавница

Ништо нема да ги израдува повеќе од шопингот во продавницата во која најмногу обожаваат да купуваат!

9. Уникатна марама

Сите сакаат да имаат едно уникатно парче, кое ќе ги направи да се издвојат од толпата и да заблескаат!

Марамата од фотографијата можете да ја најдете во Parfois.

10. „Чоколаден“ букет

Доколку сè уште не можете да се одлучите и мислите дека ниту еден од горенаведените предлози нема да одговара на вкусот на вашата матурантка или апсолвентка, тогаш одберете букет со чоколади. Со овој предлог никогаш нема да погрешите!