Сте се запрашале ли некогаш зошто времето едноставно лета кога разговарате со некоја личност, а пак со друга ви се чини како вечност? Истражувачите конечно составиле листа на карактеристики кои ги освојуваат и мажите и жените. Во прилог прочитајте кои се тие.

1. Андрогински изглед

Резултати од истражувањата покажале дека луѓето што поседуваат унисекс, односно и машки и женски карактеристки при нивниот физички изглед се сметаат за најатрактивни.  И не само преку физичките карактеристики, туку андрогинија што се манифестира и преку стилот на облекување.

2. Високо ниво на адреналин во крвта

Според истражувањата, адреналинските постапки делуваат како афродизијак. Тоа не значи дека на првото рандеву треба да скокате од авион, туку едноставното гледање на некој адреналински филм, испреплетен трилер што ќе го одземе здивот е доволно. Адреналинот во стресни ситуации не прави да изгледаме посамоуверено.

3. Срамежливост

Истражувањата покажале дека и двата пола, и мажите и жените сакаат срамежливи луѓе. Оваа карактеристика најчесто се поврзува со алтруизмот и овие луѓе ги прави потенцијални партнери во очите на соговорникот.

4. Оптимизам

Оптимисите се попривлечна група на луѓе за разлика од оние кои не наоѓаат ништо убаво во работите.

5. Разноликост во интересите

Истражувањата покажале дека луѓето кои се интересираат за повеќе различни работи се истовремено луѓе со кои најквалитетен може да биде разговорот, бидејќи во текот на истиот има можност да се допре до повеќе теми.

6. Искрено смеење

Искреното смеење делува како зараза и воедно инстантно ги шармира луѓето околу вас. Ова е тајната во освојувањето на сите, па дури и на изглед, најстудените луѓе.

7. Доверба

Поени во привлекувањето луѓето добиваат на картата на доверба, односно кога искрено и целосно се спремни да го ислушаат соговорникот и да му ја дадат својата поддршка.

8. Однесувањето во текот на неугодните ситуации

Начинот на кој личноста се однесува при некоја незгодна и неугодна ситуација открива многу за нив. Ако изнајдат решение да ја попрват ситуацијата преку хумор, не само што на истата веднаш ќе се заборави, туку и на еден сладок начин ќе го освојат соговорникот.

9. Шармантност

Луѓето признаваат дека се чувствуваат привлечно и забораваат на нивните комплекси кога разговараат со некоја шармантна личност. Покрај шармантните луѓе никој не се чувствува лошо и се создава удобност и комфорност при разговорите.

10. Добрина

Поддршката, позитивизмот и вашата учтивост во текот на разговорите ќе ви овозожи на еден искрен начин да ги освоите сите.

Бонус: Должината на прстите кај мажите може да биде клучот на нивната привлечност

Неодамнешни истражувања покажале дека мажите со пократок показалец во однос на домалиот прст, многу подобро се согласуваат со жените, за разлика од мажите чиј показалец е подолг. Првата група е подобра во сослушување, давање комплименти и согласување за разлика од втората.