Секоја жена сака да изгледа убаво, дури и по непроспиена ноќ или пак напорен ден на работа. Овие неколку едноставни трикови ќе Ви помогнат секогаш да изгледате беспрекорно.

1. Крема за раце и јаболков оцет

доколку чувствувате дека Вашата кожа е сува и по нанесување на кремата за раце додадете неколку капки јаболков оцет. За една недела ќе имате нежна бебешка кожа.

2. Пена за бричење и шеќер

Овој супер ефективен пилинг направен од пена за бричење и шеќер ќе ја направи Вашата кожа мека и свиленкаста.

3. Темни дамки од лак за нокти

Најдобар начин да се ослободите од дамките од лак за нокти е да ги ставите ноктите во мешавина од топла вода, водороден пероксид и сода бикарбона.

4. Лимон и потпетици

Лимонот е одлично решение за суви и испукани потпетици.

5. Очила и сапун

Во зима очилата најчесто се замаглуваат кога ќе влезете внатре, за да го спречите ова тријте ги очилата со сапун и оставете да отстојат така неколку минути, а потоа избришете со крпа.

6. Балсам за усни и јаболчици

Скапиот хајлајтер може да се замени со балсам. Нанесете мала количина на Вашите јаболчици и ќе го постигнете истиот ефект.

7. Фластер на прстите

Носењето на нов пар високи потпетици може да предизвика силен притисок врз нозете и нервите што се наоѓаат помеѓу третиот и четвртиот прст. Едноставно залепете ги со фластер и уживајте во долгите прошетки.

8. Рол-он и масло

Празното рол-он шише може да послужи како одличен масажер. Едноставно ставете неколку капки масло на лицето и поминете со рол-он.

9. Ајлајнер и раствор за контактни леќи

За да го вратите во живот исушениот ајлајнер ставете малку раствор за контактни леќи.

10. Усни и паста за заби

Обичната паста за заби може да ги направи вашите усни полни и со убав сјај. Ставете ја пастата на усните и почекајте неколку минути пред да ја измиете.