За формирање на хармоничен и млад изглед на лицето, совршената и соодветна фризура е вистинската тајна.

За денес ви подготвивме галерија од реални можности, која ќе ви открие како секогаш да останете во топ форма и да ја одберете вистинската фризура за вас.

Облик на фризурата

Обликот на фризурата секогаш треба да одговара на структурата на вашето лице, а притоа фризури кои се состојат од повеќе разиграни слоеви секогаш на лицето ќе му го дадат идеалниот младешки изглед.

Боја на косата

Светлата боја подмладува- тоа е основно правило, но од голема важност е да се избере правилниот тон и бојата на косата. Се препорачува да не се избира нијанса која е за 2-3 тона поразлична од вашата природна боја, доколку сакате да ја истакнете бојата на вашиот очи и тенот.

Жените кои не ја претпочитаат драстичната промена, можат да осветлат само неколку прамени од својата коса. Тоа ќе му даде поблескав изглед на вашето лице и ќе го направи да изгледа понергично.

Должина

Кратките коси асоцираат на младост, енергичност и активност, па затоа колку повеќе се зголемува бројот на годините, пропорционално треба да се намалува должината на косата. Секако, не треба да стасате до една крајност, но може да го промените вашиот изглед со мало скратување на косата во овална форма, која на лицето ќе му даде слаб и свеж изглед.

Волумен

Правата коса нè прави да изгледаме постаро, па затоа доколку сакате да изгледате помладо, тогаш вашата коса секогаш треба да биде разиграна и да има волумен. Се подразбира, потреба е умереност и во тоа, па брановидните локни кои совршено се вклопуваат во секојдневниот изглед се совршениот избор за таа цел.

Шишки

Шишките му даваат на лицето младешки изглед, притоа ги сокриваат брчките и ги истакнуваат очите. Најдобрата варијанта се лесно т.е благо фенирани шишки со средна дебелина. Подебелите шишки би го направиле лицето визуелно помало и пополно.

Патец

Централно поставениот раздел во косата му додава години на лицето и нè прави да изгледаме построго. Со менување на неговата положба, лицето изгледа значително поенергично и помладо. А дури можете да експериментирате и со патец во форма на цикцак.

Опуштен стил

Совршено обликуваната коса, како и соберената коса во пунџа, оставаат строг впечаток и притоа ја прават личноста да изгледа постаро. Понекогаш потребно е да негувате опуштен стил, при кој ќе изгледате различно, младешки и енергично, а притоа и вашата коса ќе одмори од постојаните затегнувања.

Свечена фризура

За свечените пригоди, најдобро е косата да биде соберена високо горе, но тоа не значи дека не можете изгледот да го направите позабавен. Пр. Актерката Ејми Адамс, наместо класичната пунџа, истата избрала да ја промени малку, при што напред изгледот е надополнет со плетенки.