Сите сакаме густа коса со многу волумен како од рекламите за шампони. Вистината е дека за да се има таква коса треба да се придржуваме до одредени правила. Еве како секое утре да имате бујна коса со многу волумен.

10. Играјте се со должината на косата

Стилистите се согласуваат дека оптималната должина на тенката коса треба да е до рамениците. Затоа доколку сакате волумен скратете ја косата за да можете полесно да ја обликувате.

9. Направете си степени

Фризурата на степени додава волумен, а исто така одговара на секоја форма на лице.

8. Додадете малку боја

Доколку сакате повеќе волумен никогаш не ги оставајте корените запуштени или пак да фарбате само една половина од косата.

7. Мијте ја косата правилно

Првин поминете ја косата со топла вода. Кога ќе нанесете шампот почнете од корените кон врвовите и не ги тријте врвовите затоа што тие најчесто не се масни и можете само да ги оштетите. Исплакнете и нанесете регенератор, но само по должината на косата, а не и на коренот на косата. Потоа повторно исплакнете. Се препорачува да не ја миете косата секој ден.

6. Подигнете ги корените

Ова го правеле нашите баби и мајки. На мокра коса ставете метални шнолки на корените и оставете ги додека косата целосни не Ви се исуши. Потоа извадете ги и ќе забележите мал, но природен волумен.

5. Избегнувајте да користите пена за коса

Пената ќе ја залепи Вашата коса и ќе ја направи потешка со што нема да го добиете саканиот волумен.

4. Водете се според принципот „креативен хаос“

Опуштената коса, наместо стегнатите фризури ќе направат Вашата коса да изгледа бујно. Затоа наредниот пат кога ќе правите пунџа, одлучете се за опуштена верзија.

3. Користете сув шампон

Користете сув шампон доколку немате време да ја измиете косата а не сакате да ви изгледа сплескана. Исто така бебешката пудра дава сличен ефект.

2. Сушете ја косата со наведната глава

Дури и обичниот фен може да Ви помогне да добиете бујна коса. Наведнете ја главата почнете да ја сушите косата, кога тој дел ќе биде сув исправете се и завршете го процесот на сушење.

1. Преместете го патецот на косата

Наместо во средина ставете го патецот на страна и веднаш ќе добиете нов изглед на косата.